Кој тоа таму хакира?

Зона сумрака се дешава во последно време во базите на НАТО.

На телефонот на еден војник одеднаш почнала да свири рап песна која никогаш ја немал спуштено, а многу од војниците пријавуваат дека контактите им се избришани. Многумина добиле и известување дека некој се обидува да пристапи до нивните телефони.

Сѐ ова се случувало минатиот месец во естонската НАТО база во близина на границата со Русија.

И други војници забележале чудни активности на телефоните.

Покрај ова еден полковник забележал и дека е пратен преку неговиот смартфон и потоа видел дека некој од Москва сака да пристапи на неговиот телефон.

НАТО спроведе истрага и според извештаите на медиумите за ова се виновни Русите. Шпионите на Кремљ имаат високо ниво на кординација и користат софистицирани беспилотни летала опремени со ситеми за надзор и шпиунирање, сметаат од НАТО. На удар на руските хакери биле околу 4000 војници на НАТО во базите во Полска и балтичките земји.

Во случај на воена пресметка Русите со ова би можеле да предизвикаат збунетост во редовите на НАТО, а со тоа да се стекнат и со тактичка предност. Како одговор на ова НАТО нареди тргање на сим картичките од телефоните и користење на интернет само на посебни места. Покрај ова тие престанаа да ги користат и услугите на локалните мобилни оператори.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот