Кој е Filch?

‘Filch’ се појави за првпат неодамна. Никој не знае од кај дојде, кој е и кај оди. Само месечината го посведочи неговото појавување.

Се појави јавајќи на ветрот на колективната воздишка на една сонлива генерација, настојувајќи да ја пополни празнината во срцето на тмурниот град.

Обидувајќи се барем делумно да проникнеме во неговиот карактер, откривме дека тој не сака да зборува, до таа мера што нема ни уста повеќе. Но сака да слуша музика,  без музика се чини дека ќе има сериозни проблеми да ја сфати смислата на постоењето.

Иако ненамерно, ‘Filch’ секогаш се појавува и исчезнува незабележано; дури и најревносните набљудувачи не можат да го фатат моментот на неговото пристигнување или заминување.

‘Filch’ понекогаш го гледаме во моментите кога сме помеѓу сон и јаве, или кога свират оние петте момчиња во чаршијата, низ градот, или каде и да е!

______________________________________________________________________________

По игра на случајноста се спојуваат петмина кај кои заедничка особина е желбата да создадат музика која звучно ќе ги отслика најдлабоките емоции и впечатоци од животот и ќе претставува спомен од едно време поминато во звучно заедништво. Сега кога ‘Filch’ е веќе тука, дозволете и вие, убави луѓе, тој дадопре и до вас, да ја сподели со вас својата музика и да ви пренесе колку ве сака. Добро, не баш сите...

Приказната на ‘Filch’ ја раскажуваат:

Бранко Сапламаев – клавијатури

Дарко Стојоски – гитара

Златко Андријевски – гитара

Теодор Бошков – бас

Гишо Динев – тапани

Инструменталниот состав ‘Filch’ е пред прагот на обелоденување на својот прв албум. Се работи за група на музичари кои свират заедно подолго време, последните две години создавајќи сопствена музика.

Бендот влегува во студио во ноември 2016 година, снимајќи ги првите четири композиции од претстојниот албум, во студиото во Макотекс. Подоцна, во декември, истото студио гори целосно, уништувајќи ја речиси целата опрема со која овој состав располага. Со ова значително се успорува создавањето на албумот. Сепак, после период на опоравување од овој шок и со помош на пријателите и колегите, ‘Filch’ повторно застанува на нозе, завршувајќи го снимањето на албумот во импровизирано студио на југот, во Богданци. Зад целото снимање и продуцирање стои Ѓорги Вацев.

Првиот албум се очекува да излезе со концертна промоција во септември годинава.

Фотки: Ѓорги Вацев

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот