Кога Турција го преџвакува Холивуд

Јешилчам е името на алтернативната турска сцена која почнува од средината на минатиот век да прави бизарни римејкови на светските хитови. Поради недостатокот на закони за интелектуална сопственот таа станува една од најзанимливите филмски продукции чии главни обележја се нискиот буџет и аматеризмот. Турските ентузијасти го преснимија скоро секој поголем хит на нивен начин. Од Војна на ѕвездите до Егзорцист...

“Овој тренд започна со еликтификацијата на Анадолија, каде што живееше големо населени на сиромашни и необразовани луѓе кои беа главната публика за овие филмови за разлика од Истанбул и Анкара каде што живееше средна класа која имаше можност и ги преферираше да ги гледа американските оригинали“ објаснува Чем Каја, турски режисер кој е роден во Германија и е автор на документарец за тамава. “Населението надвор од најголемите градови повеќе можеше да се идентификува со турските ѕвезди“ - додава тој.

Жанрот ја задоволоуваше публиката, но им оставаше место и на режисерите да ги раскажат своите приказни. Така на пример во филмот од 1973-та “Челична тупаница: Џиновите доаѓаат“ главниот лик Енвер има маска на фантом, каиш на Бетмен и логото на Супермен на градите, а неговиот противник е Фу Манчу - травестит во инвалидска количка. Во преработката на Рамбо сѐ е во ред додека не се појават зомбија по што филмот тргнува во по психоделична насока.

После воениот удар од 1908-та кој е поддржан од САД земјата се отвара за западот по што следува нагла вестернизација на опшеството што значи и замирање на жанрот. Во 1982-ра се снима класиката “Човекот кој го спаси светот“ кој е римејк на ЛСД на “Војна на ѕвездите“. Иако делото е амбициозно пубилката во кино салите изостанува. Така овие филмови се селат на приватните телевизиски станици кои се очајни за да ја пополнат програмата. За тие прикажувања единствено продукциските компании добиваа пари. Интересен е случајот на Сафа Онал кој е сопствеик на гинисовиот рекорд за човек кој има напишано најмногу сценарија за филм. Сепак за голем дел од тие сценарија тој не добил пари.

Турскиот Дракула

Турскиот Кум

Турскиот Флеш Гордон

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот