Кога омразата кон фудбалски клуб спасува од самоубиство

Полицаецот од Јужна Каролина, Мајкл Блекмор се соочи со сериозен предизвик минатиот викенд, кога наишол на човек како седи на работ на надвозникот на автопатот. Кога излегол од автомобилот, Блекмор го слушнал човекот како зборува: “Уморен сум од животот“, очигледно на раб на самоубиство. Човекот седел на оградата загледан во мрачната реалност на постоењето, но полицаецот успеал да го одврати од скокањето, со разговор за спорт. Американскиот фудбал, секако, е омилениот спорт на Блекмор и го искористил секој детал од својата страст кон овој спорт во оваа акција.

На снимката на полициската управа на Колумбија, објавена со мали промени на сајтот The State, го гледаме Блекмор како постапува како вистински преговарач, користејќи спортски теми за истовремено да го одврати човекот на самоубиство, но и да му даде наизглед неважна причина за живот. Луѓето сакаат спорт, посебно фудбал во Америка, зарем не? Па зошто тогаш да не се обиде на тој начин?

“Сакаш фудбал?“ Така почнал Блекмор. “За кој навиваш? Мислам на NFL? За Редскинси? Со кој играат во недела?“

Блекмор набрзо сфаќа дека човекот реагира и продолжува да го прашува, и се покажува дека тој е навивач на Гејмкокс од Јужна Каролина.

“Лоша вечер, тоа е се“, вели Блекмор. “Но утре изутрина, додека ги гледаш Гејмкокс или после тоа натпреварот со Редскинс, ќе се сетиш на оваа вечер и ќе мислиш, каде ми беше паметот. Сфаќаш, ова е само една лоша вечер.“

Сепак, клучна реченица, која го наведе човекот да се откаже од самоубиството и да се симне од мостот била: “Има да се обложам на нив кога ќе играат против Далас, затоа што невидено ги мразам Далас.“

Ако постои нешто што е блиско на секој човек и во најмрачните моменти, тоа е дефинитивно омразата кон Каубојците од Далас.
Настанот може да го погледнете тука.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот