Кое е првото име кое е запишано во историјтата?

Десетици илјади генерации отидоа во заборав оставајќи само непишани траги од своето постоење па иторијата не познава ниедно име постаро од 3200-тата година пред нашата ера кога за прв пат писмото почна да се користи во Месопотамија.

Меѓутоа кога луѓето научија да ги бележат зборовите почнаа да ги бележат и имињата.

Кој бил првиот човек чие име е запишано во историјата? Крал, пророк, војсководец? Маж или жена? Можеби богат?

Одговорот е малку разочарувачки затоа што првиот човек запишан во историјата е трговец и сметководител.

Авторот на книгата “Кратка историја на човештвото“ Ноа Харари кој се занимавал со овој проблем открил дека најстариот запис од нечие име се наоѓа на глинена таблица од Месопотамија која датира од 33-тиот век пред нашта ера. На неа се забележуваат точки, загради и симболи кои бележат трговски договор.

Таблицата во основа е фискална сметка на која е забележана испорака на јачмен.

„28.086 мери јачмен 37 месеци Кушим“ стои на сметката.

И така првото познато запишано име во историјата е Кушим...

Постојат уште стотина слични таблици на кои се напишани имињата на обични смртници пред историјата да почне да ги бележи кралевите или пророците. Харари вели дека ова не го изненадува затоа што кралевите доаѓаат и си одат, а трговијта има централно место во животот на луѓето.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот