KNOW HOW: Повикување на вашиот прв демон - 10 совети и трикови

Отсекогаш сте сакале да се обидете во повикување на пеколни суштества, а не знаете од каде да почнете? Што се ви е потребно за пристоен ритуал на повикување? Кои магии да се користат? Како добро да го угостите демонот? Ова и уште многу други прашања, ќе ви ги разрешиме со само десет корисни совети кои можете да ги најдете во овој едноставен и забавен прирачник.

Откако сте дознале за Гоеција (уметност на повикување на демони и ангели поради лични цели) од вашиот комшија, продавач, месар или пес, сте одлучиле да пронајдете професионален прирачник. Затоа што тоа не ви успеало, сте се нафрлиле тука. Но, ако сакате да ги повикувате демоните, морате да знаете дека тоа не е ни малку едноставно и дека ви е потребно многу време и внимание. Исто така морате да знаете латински, хебрејски, астрономија и астрологија. Неопходно е да имате прецизна рака, поради ознаките кои морате детално да ги нацртате. Некои духови морате да ги повикувате само на одредени датуми или часови. Конечно, битна е церемонијалната одежда, свеќите и парфемите, извесно е дека ќе потрошите нешто пари, затоа темпирајте го повикувањето откако ќе ви стигне платата. Но, ако направите се како што треба, крајниот резултат ќе биде повеќе од импресивен: ќе можете да разговарате со било кој демон, дури и да ги контролирате, ако сте доволно вешти. Ако до сега ве уплашивме до толку да мислите дека никогаш нема да успеете, не се грижете! Секој мора од некаде да почне. Ако посакувате моќ, богатство, знаете или помош околу фините уметности на заведување девојка, ви нудиме (многу) скратена верзија на заборавени (и често конфузни) ракописи. Успехот е загарантиран додека внимателно ги следите советите, почнувајќи од првиот.

1. Продолжете да читате

Пред се, да се запознаеме со кратка историја на демонологијата.

Првата позната особа која ги контролирала демоните бил кралот Соломон, митски хебрејски крал кој жигот на Давидовата ѕвезда го втиснал на демоните. Тој собрал дури 72 демони и ги ставил во месинган сад, со што станал уште поголем фраер од што бил претходно. Демоните подоцна се запишани во Гоеција, која подоцна ја популаризира сечиј омилен мистик, зависник од хероин и протагонист на песна од Ози Озборн, озлогласениот Алисер Кроули.

Целиот процес на повикување демони е опишан во Lemegeton, односно Помалиот клуч на кралот Соломон. Затоа што процесот е прилично замрсен и различни извори тврдат различни работи, ако сакате да се впуштите во оваа авантура, најдобро е едноставно да земете белешки од некој кој претходно повикувал демони. Тоа воедно е и наредниот совет:

2. Најдете ментор

Информациите за менторите се многу доверливи и затоа, за жал, не можеме многу да помогнеме околу ова прашање. Следете ги муабетите, но имајте во предвид (од некоја причина) дека не е пристојно на луѓето да им приоѓате на улица и да ги прашувате дали имаат искуство со повикување демони.

3. Бидете сигурни дека ознаките кои ги користите се со вистинска боја и облик и поставени во соодветна положба

Постојат полни дваесет страни само со почетни упатства за местење на ознаките кои нема во целост да ги пренесуваме (можете секако за тоа да најдете поопширна литература). Битно е добро да внимавате како ги поставувате своите триаголници, змии, хексаграми, кругови и слични дрангулии. Ако мислевте дека ова е лесна работа, која ќе ја завршите со малку ангажирање, подобро ви е да го загреете столот за да научите за утрешниот испит или контролна, затоа што демоните се суштества кои многу бараат.

Исто така, внимавајте со кои упатства се служите, затоа до оние вистинските баш не е лесно да се дојде. Интернетот е полн со лажна литература и се чувствуваме должни да ве увериме дека видеото под, не е валиден приказ на ритуалот на повикување и дека ни еден демон не бара да се повреди нешто толку прекрасно, ако што е кокошка.

4. Запишете ги сите реквизити, во спротивно може да се случи да ги заборавите

Жезол, меч, шапка, долга бела облека, појас од кожа од лав широк седум и половина сантиметри, парфеми, различни етерични масла, чиста вода – ова е само скратена листа од она што ќе ви треба за ритуалот. Според тоа, препорачуваме повикувањето да го продолжите само ако знаете добра продавница која има појаси од кожа од лав. Вашиот демон го заслужува само најдоброто.

5. Научете ги магиите или запишете ги: тие се задолжителни...

... и секако страшно компликувани.

Се почнува со одделот А:

1. Тебе те повикувам, Нероден

2. Тебе, кој си ги создал земјата и Небото

3. Тебе, кој си ги создал Ноќта и Денот.

4. Тебе, кој си ги создал темнината и Светлината.

5. Ти си ASAR UN-NEFE (“Сам себе се усоврши“): кој ни еден човек не го видел.

6. Ти си IA-BESZ (“Вистина во Материја“)

7. Ти си IA- APOPHRASZ (“Вистина во Движење“)

8. Ти го оддели Праведното од Неправедното.

9. Ти си Женско и Машко.

10. Ти ги произведи Семето и Плодот.

11. Си ги вообличил Луѓето да се сакаат едни со други, и да се мразат едни со други.

За понатамошни информации, обратете се кај чичко Кроули.

6. Станете господар на фреквенциите и вибрациите на својот глас кои даваат најдобри резултати кога ги изговарате магиите и баењата, но и другите аспекти на своето битие и тело

Имајте во предвид и тоа дека звукот не се само брановите кои нашите уши ги фаќаат како антени. Според некои теории, звукот е најосновниот дел од животот. Под овој поим се мисли на вибрации, комуникација и фреквенции, што вклучува и спиритуални форми (како телепатија и телекинеза), но и емотивни фреквенции на љубов и страв.

Звукот не е единствена апсолутно неопходна компонента на повикување на демони. Кроули наборил шест најважни, без кои целиот процес пропаѓа. Тоа се Видот (кој го симболизира вклучувањето на кругот, квадратот, триаголникот, садовите, сијалиците, одеждата и сл.), Звукот (магиите со зборови), Мирисот (парфемите), Вкусот (демонски еквивалент на нафората), Допир (исто како и видот) и Умот.

Првите пет наведени аспекти ги менуваат процесите на умот, на тој начин да го искусите присуството на демонот. Можеби и некои се сомневаат во тоа колку се тие всушност постојани, но вам ви е важно со нив да можете да воспоставите комуникација. Некогаш демоните ќе ги слушнете, но нема да ги видите, а некогаш ќе го осетите нивното присуство. И иако физичките описи на демоните постојат, нема податоци како да ги спознаете со другите сетила, како на пример информација за тоа како мирисаат.

7. Знајте што сакате да постигнете со повикувањето: деконцентрираниот ум е ум кој чека да падне под демонска контрола

Немојте  да си дозволите себе си Баал да ви дојде на гости и да не знаете дали сакате да ви ја исчисти куќата или нахрани мачката. Помеѓу останатото, би било прилична навреда за еден од седумте принцови на пеколот да го замолите нешто вакво банално. Според тоа, пред да повикате демон, морате да истражите кој за што е стручен. Секој од 72-та демони има различни моќи. Така, на пример, приказните велат дека Баал може да ги направи луѓето невидливи, иако никој до сега не видел доказ.

8. Добро внимавајте кога ги правите печатите: една грешка може да доведе до тоа демонот да си замине

За секое повикување потребно е да имате печат за кој, секако, постојат одредени правила. Секој од 72-та демони има посебен печат кој мора да е прецизно изработен и од соодветен материјал. Демоните се поделени на седум класи, токму по овие разлики во металите:

1. Кралеви, чиј печат е направен од злато

2. Војводи, најголема група со печати направени од бакар

3. Принцови, чиј печат е направен од калај.

4. Маркизи, со печат од сребро

5. Претседатели, со печат од жива

6. Грофови, чии печати можат да се и од сребро и од бакар

7. Витези, група во која е само осамениот Фуркас, кој има печат од олово

Битно е да се спомени дека во оваа класификација нема хиерархија – сите демони се подеднакво моќни.

9. Бидете пристојни и љубезни кога комуницирате со демоните

Популарната е предрасуда дека демоните се морбидни суштества кои сакаат да ви ја земат душата и да ви го убијат домашниот миленик. Ова воглавно е неточно. Иако демоните се автоматски ќе се срамнат со земја ако се обидете да ги зезнете, тие не се по ништо зли суштества сами по себе. Демонот Васаго, на пример, е забележан како добар во пронаоѓање работи (ете ви идеја кого да го повикате следниот пат кога не можете да ги најдете клучевите од колата).

Она што е важно е со нив да сте љубезни, пристојни, да ги понудите со колачи, а тие за возврат ќе бидат фини кон вас! Немојте веднаш да ги терате да ви прават услуга – кога прв пат ќе повикате демон, поразговарајте со него, прашајте го за семејството, прокоментирајте го времето и дури после неколку гледања, фрлете се на работа. Гледајте на ова како и на секој деловен договор, од кој двете страни сакаат некаква полза. Третирајте ги демоните цивилизирано и со почит, затоа што и тие се луѓе... или така некако...

10. Најважно од се, забавувајте се

Ако ритуалот успее, искористете го максимално и не заборавајте да го споделите на социјалните мрежи! Колку луѓе можат да се пофалат дека повикале демон во својот живот? Ова е далеку подобро од просечно селфи!

 

 

Изворниот текст е преземен од блогот на Андреј Златовиќ

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот