KNOW HOW: Краток водич низ егзорцизмот

Вие љубителите на грозитијата и мроничавоста (и оние кои се на пат тоа да станат) истресете ја пајажината од каминот, наточете си себе си по еден череп полн со вино и седнете во вашата омилена фотелја. Наредниот текст ќе ја запали вашата глад за морничави приказни, а има ли нешто повеќе морничаво од борба против лошите духови, неманите и Ѓаволот лично во поход на незаштитена душа? Следи приказна за егзорцизмот, озлогласената традиција на духовно прочистување која со векови наназад стои помеѓу религијата и медицината.

Религиската пракса со повеќевековна традиција

Постапката на протерување на злонамерните сили од човекот, предметот или објектот за кои се верува дека се запоседнати се вика егзорцизам. Појавата чие име влечи корени уште од старогрчкото запоседнување како на верските, така и на научните кругови со векови наназад. Првиот официјален случај на егзорцизам е забележан во 1614 година во Ватикан, а во поедини земји, како Мексико, и денес чести се случаи на душа која сопствениците на пеколот ја зеле под свое.

Што е всушност сржта на овој феномен: верска пропаганда или медицински феномен?

Доколку во непосредната околина забележите потенцијално запоседната особа, подобро е да реагирате што побрзо. Да ви олесниме: индивидуата наеднаш станува полиглот на повеќе јазици, плука стакло и шајки (не, не мислиме на наркотици или било што сродно на тоа), бега од се свето (при што фразата „Бега како Ѓавол од крст“ овде добива вистинско значење) ред е да го повлечете попот за ракав.

Но – која техника се покажа како најделотворна за протерување на непосакуваните сили?

Иако концептот за егзорцизмот е универзален, неговото изведување се разликува во зависност од тоа во кој дел од светот сте (не)среќата да се сретнете со запоседнатиот, а бидејќи со векови религијата и медицината биле неразделни, различните религии имаат свои методи за ослободување на запоседнатите битија.

Само во шаманизмот, древната исцелувачка традиција која ви овозможува лежерно разговарање со духови и толку добро исцелување што ве остава во транс, постои неколку варијации кога се работи за егзорцизам.

Во таоизмот, шаманот има моќ активно да комуницира со демоните, па дури и да ги предизвика и небеските сили за да се ослободи од запоседнатиот.

Во корејскиот шаманизам наидуваме на поимот mudang, шаман (најчесто од женски пол) во улога на посредник помеѓу боговите и луѓето кој низ различни ритуали на жртвување го чисти запоседнатиот. Муданг, облечена во шивописна облека, со песна и игра се обидува од боговите да измоли милост за несреќната душа, а неретко своите екстатични молитви и ритуали ги залива со пехар вино наречен bokjan или Ќуп на благословот.

Индијанците се служеле со палење на залфија кога требало да ги избркаат злите духови, додека во африканската култура постои верување дека ѓаволот не напаѓа само возрасни, туку и деца, па во тој случај, покрај ритуалот и магијата, користеле и тепање и триење бибер во очите на детето, за тоа повторно да го погледне лицето на добрите сили.

Најголем број на будистички егзорцисти дејствуваат во Јапонија. Главниот свештеник и неговиот помошник читаат т.н. сутри, будистички списи со палење на разни миризливи стапчиња. Свештеникот исто така носи со себе shakujo, дрвен стап со емтални прстени со чиј звук се обидува да ги растера злите сили. Освен врева и ароматерапија, будистичките егзорцисти се служеле и со не толку опуштачки методи како изгладнување, капење на жртвите во ледена вода или бичување, по онаа старата: ќотекот од Рајот излегол.

Како што можете да претпоставите, најпознатите случаи на запоседнати души видени се во хрстијанството, посебно во католицизмот. Како што налага верата, егзорцизам може да прави исклучително овластено лице и исклучително после тоа што секој сомнеж да се отстрани дека се работи за психичко заболување. Доколку дојдете во (не)прилика да го листате Rituale romanum или Римскиот ритуал, едно од набитните дела во католичката литература, ќе видите дека она што јасно наведува на симптоми  кои укажуваат на тоа дека Ѓаволот се вселил во нечие тело: запоседнатиот наеднаш зборува со непознат или древен јазик, иако претходно не го познавал, поседува натприродни способност и неизмерна сила, а како најсилен симптом се наведува одбојност кон било што свето, како и богохулење и сквернавење. Што се однесува до методите, католичките егзорцисти применуваат молитвни, благослови и инвокации на светци за борба против злите сили.

Сепак „само“ медицински феномен?

Колку и да еморничаво, на некој дијаболичен начин, интересно е да се препише на демони и останати зли сили, всушност, наведените симптоми се показател на бројни психички пореметувања и болести.

Самото извршување на егзорцизам, варира во зависност од културата, но исходот им е најчесто ист: пациентот е повреден или лишен од живот. Постои податок дека дури 370 000 луѓе подлегнале на егзорцизам, а 310 000 во текот на оваа немила процедура добиле сериозни повреди. Како еден од таквите случаи се наведува оној во кој шаман претепал мајка на две деца на Тајланд, затоа што постоел сомнеж дела е запоседната (подоцна се покажало дека нејзината запоседнатост е всушност вид на моторичко пореметување). Иако се обидела да побегне, шаманот ја пронашол и продолжил со процедурата се додека не ја излечил од животот.

Веројатно најпознатиот случај на модерен егзорцизам, кој инспирирал остварувања како „Егзорцизмот на Емили Роуз“ е случајот на Анелиза Микел, Германка која на 24 години починала од извршувањето на егзорцизмот. Ако наведениот филм ве преплашил, вистинската приказна на Анелиза предизвикува морници и мачнина. Како што навеле постхумните истражувања, на 16 години Анелиза заболела од психоза и депресија, а веќе до 20 години слушала гласови и покажувала нетрпеливост кон се религиско.

Набрзо станала уверена дека е запоседната и се обратила до локалниот свештеник, што се покажало како ѓаволски лош потег. Не смееме да заборавиме дека била растена во строг религиски дух и дека двапати неделно посетувала црква, па така нејзината нетрпеливост кон светата вода и прикажаните распнувања, биле и тоа како неразбирливи и застрашувачки, речиси демонски. Ако целата приказна не е толку морничава и помалку тажна можеме да претпоставиме дека нејзиниот религиски ентузујазам едноставно испарил.

И покрај советите на лекарите, нејзините родители го игнорирале здравиот разум и побарале помош од црквата и терапијата со егзорцизам започнала. После нецели 67 тури на ритуалот, Анелиза починала на 1 јули 1976 година, а наредните истражува покажале дека причинител за смртта била неухранетост и запаление на белите дробови. Значи, ништо ѓаволско, освен незнаење и лесномисленост на нејзините родители, кои во целост се свртиле кон црковните лица и го игнорирале предупредувањето од лекарите.

Со напредокот на современата наука и медицина, дошло до заклучок дека претходно споменатите симптоми всушност се показатели на сериозни психички заболувања како манија, психоза, Туретов синдром, шизофренија или пореметување на личноста, а излекувањето доколку пациентот преживее, најчесто се препишува на пласибо ефекти, односно заболеното лице само себе се убедува дека е излечено и дека демонот ја напуштил неговата душа за век и векови. Меѓутоа, бројот на „излечените“ далеку е помал од цифрата која ги брои жртвите на оваа процедура. Каде единствените вистински демони се всушност оние, кои се занимаваат со „лечењето“.

И покрај сите постоечки докази, одредени земји, како Мексико, каде бројот на егзорцизми расте секојдневно, и понатаму причините на овие симптоми и однесување се бараат во нешто трансцедентно и зло и се свтуваат кон примитивни и насилни методи на лечење.

Егзорцизмот како забава

Иако современата наука и доза на здрав разум го разбија митот за демоните, и останатите другари на Сатаната кои бираат души во кои ќе се одомаќинат, тоа не спречи наежда на дела инспирирани со оваа застрашувачка техника за духовно прочистување.

Доколку сте љубител на филмови кои изобилуваат со гадости и морничавост, тука се остварувања како The Exorcist (од 1973 или 2000), инспириран токму од егзорцизам на католички начин, потоа House  Exorcism (1975),  Exorcism(2003), неизоставниот  The Exorcism of Emily Rose (2005), Requiem (2006), исто така инспириран од болеста на Анелиза.

Ако сте повеќе љубител на пишани зборови, романот The Exorcist (1971) на Вилијам Питер Блети и За љубовта и другите демони (1995) на Габриел Гарсија Маркез, ќе ви влијае на вашиот немирен дух желен за оваа тематика.

Откако поминавте низ кратката тура низ крвавите ходници на егзорцизмот, сакате да застанете покрај шаманите и свештениците и да се држите до ароматерапијата, зачините и тепањето или ќе ја поддржите медицината? Кој се на крајм вистински чудовишта:демоните или луѓето?

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот