KNOW HOW: Како со говорот на телото да го подобрите расположението

Вашиот говор на тело и вашето држење не влијаат само на тоа како другите ве гледаат, туку, според науката, може да ве направи посреќни.

Говорот на телото дава силни сигнали на другите. Исправеното држење и силно ракување се доволни за да стекнете нечија доверба при запознавање. Но, она штро веројатно не сте знаеле е дека вашето држење праќа силни сигнали и за вас. Така велат неодамнешните истражувања.

Запознаени сте со тоа како многу лесно  можете да забележите дека некој е нерасположен по говорот на неговото тело, свитканото држење, спуштените рамена, и нозете кои се влечат при одењето, но дали, во спротивно, држењето може да влијае на расположението?

Безвезна песна да прошара малку текстот

Истражувањето покажа едека тоа е можно. Во текот на истражувањето, од испитанците се барало да одат по лента за трчање на два начини. Една група одела безенергично, а другата весело. Додека едните оделе споро со тешки чекори, другите потскокнувале, а за тоа време им биле покажувани различни зборови кои означуваат позитивни или негативни емоции. Резултатите покажале дека оние кои оделе безенергично запомниле повеќе зборови со негативна конотација, додека оние кои оделе весело запомниле повеќе зборови со позтивни емоции. Заклучокот од истражувањето бил, дека начинот на кој одите не само што влијае на вашето расположение, туку може и да го измени.

Научниците се заинтересирани овие истражувања да ги вклучат во терапијата на клинично депресивните луѓе. Но корист од ова истражување нема да имаат само тие. Кога се чувствувате нерасположено и натерајте се себе си на кратка прошетка со весел чекор.

И некои други истражувања се занимавале со ова поигрување со среќата и една од најубедливите е терапијата со насмевка. Оваа студија покажала дека и најлажната насмевка го менува расположението на подобро.

Следиот пат кога ќе се чувствувате нерасположено, исправете го грбот, насмејте се и пуштете чекор.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот