KNOW HOW: Како се користи женскиот кондом

Како и машкиот, така и женскиот кондом служи за спречување на несакана бременост и заштита од сексуално преносливи болести. Женскиот кондом исто како и машкиот направен е од латекс или полиуретан, поголем е, со потесен крај и со поширок отвор со растеглив обрач (прстен). Помалку се во употреба од машиките кондоми, поради едноставноста на користење и ставање, но ако вашиот партнер од некоја причина не сака или не може да се грижи за контраценпцијата, жените тоа можат сами да го направат.

Се употребуваат така што помалиот прстен се стегнува и се турка што подлабоко во вагината, а другиот прстен останува надвор од отворот и треба да го прекрива и надворешниот дел од вагината за да се заштити и таа од инфекции.

Треба да стои право и правилно во вагината пред првиот контакт на пенисот со вагината, т.е. Внимавајте да не е накривен на страна. При употреба на женски кондом внимавајте половиот орган на мажот да биде во отворот со поголемиот прстен. Добро е да се знае дека женскиот кондом може да се користи и во прилика на анален секс, но мора да се внимава да не испадне од аналниот отвор.

После сексот кондомот треба да се извади. Го вадите на тој начин што го фаќате прстенот кој се наоѓа вон вагинслиниот отвор и внимателно го извлекувате надвор внимавајќи содржината на кондомот да остане во него. Надворешниот прстен завртете го, свиткајте го за да спречите излевање на спермата.

Женскиот кондом е контрацептивно средство за жени, кое штити и од ХИВ, погоден е за сите возрасти, а можат да го користат и лица алергични на латекс.

Женскиот кондом може да го ставите најрано 8 часа пред планираниот однос. Никогаш не употребувајте ист кондом два или повеќе пати, и не употребувајте ист кондом за вагинален и анален секс.

Исто така немојте да користите и машки и женски кондом истовремено. Ако кондомот во текот на сексуалниот однос падне или влезе во вагината, веднаш прекинете го сексуалниот однос и заменете го кондомот. Со кондомот се употребуваат само лубриканти на база на вода, затоа што оние на база на масло можат да го оштетат.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот