KNOW HOW: Како да закопаш Кинез според препораките на Комунистичката партија на Кина

Како земја со најмногу жители на светот Кина се соочува со недостаток на земја и со предизвиците што ги носи таа пренаселеност.

Сега пред Кина се наоѓа уште еден предизвик, каде да ги закопа 10-те милиони луѓе кои умираат секоја година.

Оваа недела кинеската влада објави “водич за закопување“ кој меѓу другото препорачува кремирање и фрлање на пепелта во море како и вертикално закопување на мртвите.

Закопувањето на мртвите во вертикална положба не е во склад со кинеската традиција, но според владата е во склад со практичните потреби. Мао, чие балсамирано тело се уште е во мавзолеј во Пекинг исто така предлагал традиционалните погреби да се заменат со кремирање.

Колку е очајна владата во Пекинг укажува и тоа што минатата година имаа натпревар во кремирање на кој учествуваа 50 крематориуми од земјата.

Оваа година сепак пристапот е посериозен. Комунистичката партија ги предупреди оние кои нема да се придржуваат до овие мерки дека ќе сносат последици, иако не наведоа какви би можеле да се последиците.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот