KNOW HOW: Како да се однесувате пристојно кога сте на гости кај роднините во Јапонија

Јапонија е позната по своите комплексни правила за социјално однесувањее. Постојат посебни правила кои треба да се почитуваат на трпеза, добри пракси на кои треба да се придржуваат при примање и давање на подароци, па дури и кога се носат папучи во различни соби од куќата.

За да ви помогнеме во подобро снаоѓање низ сложените јапонски обичаи, еве листа на некои нешта кои можете да ги очекувате кога патувате во таа земја.

Избегнувајте го бројот 4

Во јапонскиот јазик бројот четири звучи слично како и зборот за смрт. И двете се изборвараат како ши. Бројот 4 е еквивалент на бројот 13 во западната култура и се смета за несреќен па според тоа треба да се користи што помалку. Избегнувајте давање на било што во сет од 4 (на пример, четири шолји) бидејќи тоа може да се протолкува како подарок што носи несреќа.

Дувањето на нос во јавност се смета за непристојно

Дувањето на нос во јавност се смета не само за непристојно, туку и одбивно. Луѓето во Јапонија обично го дуваат носот кога ќе се најдат некаде на приватно место. Ако веќе морате да го издувате носот, препорачливо е тоа да го наравите што е можно подискретно.

Бакшишот може да се смета за навреда

Бакшишот се смета за непристоен - а дури и може да се толкува како понижување. Имено, бакшишот во Јапонија често предизвикува забуна, па некои луѓе ќе тргнат по вас за да ви ги вратат парите кои сте им ги дале. Ако Некој ви бил посебно на услуга, а вие се чувствувате апсолутно приморани да ми оставите бакшиш, место пари дајте му мал подарок, како на пример, кутија бонбони или помало шише пијалок.

Одење и јадење е многу непристојно

Иако одењето и јадењето е прифатено во многу западни култури, оваа пракса во Јапонија се смета за непристојна. Постојат неколку исклучоци од ова правило, ама многумина уште сметаат дека е непристојно да се јаде во јавноста или во некои возови.

Одредени луѓе ве туркаат во преполни железнички вагони

Oshiya или "туркачи" се униформирани работници кои се платени за туркање на луѓето во преполните железнички вагони за време на утринските и вечерните гужви. Тие се платени за сите да бидат сигурни дека ќе влезат и да не заглави ничија глава меѓу вратите.

Луѓето во возовите ќе спијат со главата на вашето рамо

Ако некој во Јапонија заспие со главата на вашето рамено, тоа е вообичаена пракса која се толерира. Луѓето имаат многу долг пат од дома до работа и работат многу долго, па многумина од нив заспиваат веднаш штом стигнат до возот.

Постојат папучи за секоја прилика

Вообичаено е да се променат папучи при влегување во јаонска куќа. трасдиционален ресторан, храмовите, а понекогаш и музеите и уметничките галерии. Секој пат кога ќе наидете на ред од папучи треба да ги облечете. Тука се и посебните wc папуци кои се носат само кога сте во тоалетот.

На вашиот домаќин секогаш мора да му донесете подарок.

Во Јапонија чест е да се биде повикан на гости и вообичаено е во таа прилика да донесете подарок. Тие подароци често се некоја храна од вашиот роден крај, а ако е можно вашиот подарок убаво завиткајте го пред да му го дадете на домаќинот. Никогаш не одбивајте подарок кој ви го понудиле, ама е добра практика од почеток силно да се противите кога ќе ви го понудат.

Налевањето на својата чаша се смета за непристојно

Вообичаено е кај нас и во други земји да ги послужите другите пред да се послужите сами. Меѓутоа во Јапонија сами себе не треба да си налевате пијалок. Ако им турате пијалок на другите, надевајте се дека некој од гостите ќе види дека ви е празна чашата и ќе ви ја наполни. Исто така, пред пиење треба да чекате некој да каже канпаи (на здравје).

Сркањето на резанки е пристојно

Сркањето се мсета за пристојно бидејќи тоа покажува дека уживате во вкусните резанки. Всушност, ако не јадете доволно гласно, може другите да ги доведете во забуда дека не уживате во храната што ја јадете. Јапонската супа и резанките се служат многу топли, доволно врели за да ви ги изгорат непцата, па сркањето помага за да ја оладите храната.

Спиењето во капсули е нормално

Капсула хотелите служат како ефтино сместување за гостите кои сакаат само место за спиење. Капсулите како сместување најчесто ги користт деловни луѓе или оние кои се забавувале до доцна и го испуштиле последниот воз за дома. Местото за спиење е мала капсула, а креветите се наредени едни до други и едни над други.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот