КNOW HOW: Како да освоите Нобелова награда

Актерите освојуваат Оскар, спортистие злато на Олимпијадата, но за научниците, писателите и борците за мир, не посоти поголемо одликува од Нобеловата награда.

Ова се пет работи кои би требало да ги знаете за оваа престижна награда, која ја осмислил шведскиот хемичар од 19 век.

1. Во што се состои најголемата важност на Нобеловата награда?

“Престижот на Нобеловата награда се сведува на историска и парична вредност“, вели Гистав Калстранд, кустос во Нобеловиот музеј во Стокхолм. Секоја статуа моментално е вредна 8 милиони шведски круни (околу 930 000 долари) што ја прави оваа награда една од најпрофитабилните во светот. Калстранд вели дека кога прв пат ја предале Нобеловата награда во 1901 година, паричната награда изнесувала околу 20 години професорски плати.

Денес парите се секундарни. За многумина, најголема награда е да се придружат на пантеонот на Нобелови лауреати, како Ајнштајн. Марија Кири, Мартин Лутер Кинг и Хемингвеј.

2. Зошто е толку таинствена?

Прашајте ги судиите за Нобелова награда за фаворитите и тие ќе се повлечат како да штитат нуклеарни кодови. Статутот на Нобел им забранува да ги коментират номинираните (освен победникот) половина век.

Калстранд вели дека постојат две причини за такво нешто. Првиот е што судиите сакаат да ги поштедат оние кои биле номинирани, а не победиле. Сакаат да ги спасат од стесот и лошите чувства што изгубиле. “Нобеловата награда никогаш не е натпреварување во таа смисла“, вели Калстранд.

Втората причина е да се зачува независноста на судиите. Кога почнала да се доделува Нобеловата награда, светската научна заедница била многу мала, така што судиите често знаеле за номинираните и за оние кои ги номинирале.

3. Кој се судии?

Во својот тестамент од 1895 година, Нобел одредил кои институции би требало да ги селектираат победниците.

За наградата од областа на медицината, задачата ја предал на Институтот Каролинска во Стокхолм. Кралската шведска академија на науките доделува награда за физика и хемија, а шведската Академија, со целосно нов тим, доделува награда за книжевност.

Иако многу Швеѓани се жалат, Нобеловата награда за мир ја доделува Парламентот на соседна Норвешка. Оваа одлука Нобел никогаш не ја објаснил.

4. Дали постои Нобелова награда за економија?

Строго кажано, не. Нобел не споменувал Нобелова награда за економија во својот тестамент. Таа награда започнала да ја доделува Риксбанк, централната банка на Шведска во љ968 година во знак на сeќавање на Нобел.

Меѓутоа, Нобеловата фондација не ја нарекува Нобелова награда. Официјално е Награда на шведската банка за економски науки во знак на сеќавање на Алфред Нобел.

5. Како може да ја освоите Нобеловата награда?

На лауреатите често им се поставува ова прашање, а нивниот најчест одговор е да “работите вредно и напорно и да ја следите својата страст“.

Секако помага и да направите револуционерно откритие.

Во научните категории, победниците обично чекаат децении пред судиите да проценат дали нивното откритие го издржало тестот на времето.

Поинаку е за Нобеловата награда за мир, која обично се доделува на некој поради бирбата за мир и демократија. Тоа објаснува зошто некои Нобелови награди за мир, од оваа перспектива се чинат малку прерани, како на пример таа од 1994 година за блискоисточниот договор кој сега е во распад.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот