Know How: Како да одите ако се изгубите

Луѓето кога ќе се изгубат во магла или снежно невреме често со часови одат во круг, замислувајќи дека одат во одреден правец. После некое време стигнуваат точно на она место каде што тргнале.

Зошто не можеме да одиме рамно без помош на нашите очи?

Затоа што нашето тело е асиметрично. Тоа значи дека е постои совршена рамнотежа помеѓу нашата лева и десна страна. Ако се гледате во огледало, ќе забележите дека десната половина на лицето ви е повеќе развиена од левата. На пример, десниот образ е повеќе испакнат, а устата, окото и увото на едната страна се поостро обликувани. Срцето е на левата, а црниот дроб на десната страна на телото.

Скелетот на нашето тело исто така е асиметричен. 'Рбетот не е совршено рамен. Нашите колкови и нашите стопала не се исти на едната и на другата страна. Се тоа значи дека структурата на мусклулите во нашиот организам е асиметрична и не е во совршен баланс.

Бидејќи нашите мискули на десната страна се разликуваат од мускулите налевата, тоа влијае на начинот како одиме, на нашиот чекор. Кога ќе ги затвориме очите, контролата на нашиот чекор зависи од мускулите и структурата на нашето тело, а една страна не тера да завртиме во некој правец. На крајт завршуваме одејќи во круг.

Затоа, ако се најдете загубени во пустина или шума, запомнете дека ако одите право всушност ќе вртите во круг. Ако немате никаква ориентација, како сонце или компас, многу тешко ќе го одредите правецот на точното движење. Треба да бидете свесни за овој факт, затоа што може да ви го спаси животот. Затоа што ако знаете дека десната нога ви е посилна од левата тогаш исто така ќе знаете дека додека одите право, всушност одите кон лево.

Пробајте да се сетите на оваа информација ако се најдете во таква ситуација и пробајте да го израмните курсот на движење така што на секои неколку чекори ќе направите чекор кон онаа посилната страна, т.е. посилната нога.

Ова не се однесува само на нозете, туку и на рацете. Правени се проверки во кои луѓе во заврзани очи се обиделе да возат автомобил во права линија. После отприлика 20 секунди секоја тестирана особа почнувала да вози надвор од патот. Затоа ширум отворете ги очите кога ќе пешачите или возите автомобил, затоа што телото не ви е во рамнотежа.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот