KNOW HOW: Како да не ве прогонуваат духови

Ја сакате Ноќта на вештерките и сакате да трае подолго? Преселете се во Хонг Конг! Таму се одбележува цел месец на духови.

Легендата вели дека до седмиот месец на лунарниот календар се отвораат вратите на пеколот и гладните духови доаѓаат да ги прогонуваат живите. Добро, лажевме, не  баш како Ноќта на Вештерките, никој не носи костими. Да се спречи прогонувањето на духовите, целиот месец е посветен на тоа мртвите да се однесат назад на оној свет каде никој нема да го вознемируваат.

Месецот на гладните духови најпопуларен е во Хонг Конг, но се одбележува и во другите азиски земји, како Малезија, Тајланд, Камбоџа, Сингапур, Јапонија, Виетнам и Индија.

Но, ако посетувате некоја од овие земји, прво со што ќе се соочите е мирисот на изгорено. На сите страни има огани во кој се спалуваат пари за мртвите и дарови кои се потребни за другиот свет. На духовите исто така им се остава храна за да ја задоволат својата голема глад. На оваа шведска маса за мртви се наоѓаат најразлични јадења, од овошја и зеленчук, преку колачи и месо, па се до цели торти. Значи, парите и храната се секаде наоколу. Па, скоро и да се исплаќа да се биде мртов...

Водич како да не ве прогонуваат духовите

Првото правило на месецот на духови – немојте да зборувате за месецот на духови

Немојте да шетате навечер

Немојте да се вселувате во нов дом. Ова е лош месец за нови почетоци

Немојте да се родите во овој месец

Ако баш морате да се родите овој месец, родете се преку ден

Немојте да носите црвено, затоа што тоа ги привлекува духовите

Немојте да пеете или да свиркате

Немојте да ја чешлате косата пред огледало на полноќ

Немојте да ја простирате облеката надвор. Ќе се натопи со негативна енергија и ќе имаѕе дух во пижамите (или така некако)

Не собирајте пари кои ќе ги најдете надвор и никако не ги внесувајте дома

Не застанувајте покрај ѕид

Не го покривајте челото

Немојте да фотографирате навечер, затоа што може да фатите дух ( а знаеме од холивудските филмови зошто ова е лоша идеја)

Немојте да ги тргате или да ги јадете од подароците за духовите

Немојте да пливате. Може да ве нападне духот на некој удавен

Немојте да уринирате на дрво, затоа што може да го наводените духот кој живее внатре, а никој не сака да биде измочан

Немојте навечер да оставате отворена врата. Ова е како да сте го повикале духот дома

Немојте да се венчавате. Бема добро да заврши (иако никој не ја испитал стапката на разводи)

Оставајте многу храна пред куќата

Оставајте вклучено светло секаде околу собата, затоа што духовите демнат од сенка

Истурете камена сол, затоа што духовите се плашат

Посетете го храмот или црквата и молете се за своите преминати

 

Секако денес работите малку се менуваат и месецот на духови станува туристичка атракција (да живее капитализмот!), па можете да најдете и тури по Хонг Конг кои ќе ви го доловат овој обичај, но потенцијално и да се прекрши првото правило. Не можете да имате баш се.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот