Know How: 8 начини како да избегнете да ве манипулираат

Психолошка манипулација се смета кога една особа е искористена поради бенефит на друга особа. Манипулаторот намерно создава дисбаланс на моќта и ја експлоатира жртвата за да му служи.

Bright side објави текст на експерт за комуникација кој нуди осум едноставни совет како да ја избегнете манипулацијата:

Знајте ги своите основни човекови права

Кога имате особи кои се поигруваат со вашата психа, важно е да знаете кој се вашите основни прави и кога тие лица нив ги кршат. Се додека не ги повредувате другите треба да се борите за себе и за своите права. Од друга страна ако на некој му направите штета тие права ги губите. Меѓу тие права се: некој да ве почитува, да ги изразувате своите емоции, мислења и желби, да поставувате приоритети, право да кажете “не“ без чувство на вина, да добиете она за што сте платиле, да имате поинакво мислење, право да се браните од психичко и физичко злоставување, право да креирате среќен и здрав живот. Колку и манипулатори да постојат, запомнете дека само вие сте одговорни за својот живот.

Држете дистанца

Еден од начините да го откриете манипулаторот е да видите дали особата има различни лица за различни луѓе во различни ситуации. Природно е сите луѓе да имаат одреден степен на диференцијација, некои особи едноставно претеруваат, па се преку едни многу љубезни, кон други непристојни, или некогаш се беспомошни додека во друг момент се агресивни. Кога ќе го забележите ова однесување, подвлечете црта и полека правите дистанца не организирајќи случувања со таа особа.

Избегнувајте персонализација и чувство на вина

Со оглед на тоа дека манипулаторот ги користи вашите слабости за да има корист, природно е искористениот да има чувство на вина, доколку не успеал да го задоволи манипулаторот. Во вакви ситуации важно е да се има на ум дека вие не сте проблемот туку изманипулираната особа за да се чувствувате лошо по прашање на себе си како би ја предале својата моќ и права. Размислете за тој однос и поставете ги следните прашања: дали сум третиран достоинствено? дали барањата на оваа особа се разумни? дали давањето во нашиот однос доаѓа само од една страна? дали се чувствувам добро во овој однос?

Префрлете го фокусот на нив со поставување на подлабоки прашања

Манипулаторите ќе бараат се од вас. Сепај некогаш ќе излезат од контрола и ќе го изгубат разумот. Вратете ги на самото прашање и смислата на барања прашувајќи ги нешто како: Дали твоето прашање звучи разумно? дали е тоа што го сакаш фер? дали јас имам право на збор овде? дали ме молиш или ми кажуваш тоа да го направам? дали навистина очекуваш да направам...?

Кога ќе поставите такви прашања, фактички ставате огледало пред манипулаторот. Ќе го тргнете од сон и ќе биде свесен за ситуацијата.

Искоритете го времето во своја предност

Лицата кои ве користат често тоа го прават на препад. Бараат од вас нешто претставувајќи како животот да е во прашање и ја користат вашата добрина. Нека вашиот одговор на нивните барања биде - Остави ме размислам за тоа. Ова е одлична замена за неа, а многу е веројатно дека нервозниот манипулатор во меѓувреме ќе премина на следната жртва.

Кажете НЕ - дипломатски, но одлучно

За да успеете во ова мора да ја вежбате вештината на комуникацијата. Стојте на земја задржувајќи функционален однос. Имајте на ум дека приоритетите исто така се меѓу основните човекови права. Кажете НЕ, без грди зборови и повишен тон. Немојте да имате чувство на вина и изберете го својот среќен живот.

Поставете последици

Кога манипулаторот ги напаѓа вашите граници и не прифаќа негативен одговор, само истакнете ги последиците на барањето кое ви го наметнува. Способноста да ги идентификувате и истакнете последиците се многу важна вештина. Таа го паузира манипулативниот поединец и го тера да наместо притисок да користи почит, затоа што гледа дека и вие сами се почитувате.

Соочете се со силеџијата, безбедно

Манипулаторор може да стане насилник ако почне да ја заплашува другата особа. Она што треба да знаете за нив е дека за вознемирувањето ќе избере особа која ја процениле за слаба и лесна за манипулирање. Всушност, многу силеџии се скриени кукавици. КОга особата со која манипулираат им се противи и храбро почне да ги брани своите права, тие се повлекуваат. Студиите покажуваат дека оние кои малтретираат и самите се жртва на манипулација.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот