Кинеските верзии на Њујорк, Париз, Фиренца...

Во Кина можете да се восхитувате на Ајфеловата кула, да пиете кафе низ гужвите на Големото јаболко и да уживате во погледот на покривите на Фиренца.

Најнаселената земја на светот, иако и самата може да се пофали со богата историја, културно богатство, интересни знаменитости и воодушевувачка природа, најде интересен начин за уште повеќе да ги привлече туристите.

Имено, со патување по само една држава имаме прилика да го запознаеме целиот свет. Кинезите одвоија големи суми за да изградат реплики на градовите од различни делови од планетата, а тие се направени прилично верно на оригиналот.

Сега ги има вкупно единаесет, а ова се најинтересните.

Фиренца

Во близина на пристаништето Тијанџин изградено е село, моделирано според италијанскиот град кој својот бум го доживеа во периодот на ренесансата. Дополнет со бројни фонтани и мозаици, а тука се и каналите со гондоли кои повеќе личат на оние од Венеција, сепак не го расипуваат вкупниот впечаток. Покрај тоа, тука се и продавниците на познати брендови како “Гучи“ и “Прада“.

Париз

Доколу по излегување од Шангај продолжите да возите уште неколку часа, тогаш ќе наидете на Тијандученг, град изграден според примерот на Париз. Секако, тука е Ајфеловата кула, во Кина висока 107,8 метри.

Халштат

Во кинеската провинција Гуангдонг се наоѓа идентична копија на австрискиот алпски град, а за изградбата се одвоени дури 940 милиони долари.

Менхетен

Старото рибарско село Тијанџин “порасна“ за многу катови. Имено, тоа сега е дом на мини-Менхетен. Пред изградбата на оваа реплика, инвеститорите се надевале дека тоа ќе порасне во финансиски центар на светот, престолнина на бизнис елитата. Во него дури можат да се најдат и школата “Џулијард“, Рокфелер Центарот и Линколн Центарот. Рокот за завршување на работите била 2019 година, но тие се прекинати и Тијанџин стана “град на духови“.


Холандски град

Познат уште и како Пудонг Холандија, ова село е составено од делови на Амстердам и Амерсфорт, а во него се наоѓаат и познатите канали и ветерници. Многу згради се многу детални реплики на “вистинските“ градби во Холандија, а најпозната е зградата на Поморскиот музеј.

Модерна Германија

Кога посакаа во Кина да внесат дел од атмосферата на оваа европска земја, архитектите не замислиле бајковито село, какво што замислуваме додека ги читаме старите германски бајки. Не, тие предвиделе модерен и практичен град, и затоа Антинг е град со високи згради и модерна архитектура. Планирано е во него да живеат 50000 луѓе, но денес таму некој живее на секој петти стан.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот