Ким Џонг Ун се фали дека ќе победат оти имаат нови ракети

Северна Кореја го испита новиот ракетен мотор со голема сила на чија проба присуствуваше и драгиот лидер Ким Џонг Ун.

„Светот наскоро ќе ја види важноста на историската победа која денес ја остваривме“ вели Ким Џонг Ун.

„Развојот и производството на моторот со голема погонска сила ќе допринесе за зацврстување на научните и технолошките бази кои ќе ни овозможат да го достигнеме светското нивно на полето на лансирни рампи за сателити и за интервенции во вселената“ додал тој.

Експертите истакнуваат дека овие ракетни мотори можат лесно да се преуредат во балистички ракети кои би можеле да носат и нуклеарно оружје. Многу набјудувачи сметаат дека севернокорејската сателитска програма е всушност програма која треба да им помогне на воено поле.

Овој нов проект се случува во време кога новиот американски државен секретар Рекс Тилерсон допатува во Пекинг и после неговата посета на Јапонија и Јужна Кореја. Во рамките на азиската турнеја американскиот дипломат инсистирал на тоа дека САД нема повеќе да ја спроведуваат политиката на “стратешко трпение“ која Вашингтон досега ја применуваше спрема режимот во Пјонгјанг, затоа што таквата политика не дала резултати.

Во врска со тоа Тилерсон додаде дека американската воена операција во Северна Кореја е „можност која се проучува“.

Тилеросн со овие изјави реагираше на нуклеарните тестирања на Северна Кореја од 2016-та и на лансирањето на ракети за кои Пјонгјанг тврди дека се вежби за гранатирање на американските бази во Јапонија.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот