Какви миленичиња се чуваат во Северна Кореја?

Во Пјонгјанг најпопуларни миленичиња се мајмуните и кучињата. Надвор до главниот град многу малку луѓе можат да си дозволат да имаат милениче затоа што за чување на мајмун или куче требаат многу пари и време. Во внатрешноста се чуваат кучиња за нивното месо како и за да ја чуваат куќата кога сопствениците не се дома.

Популарноста на мајмуните во Пјонгјанг опаѓа и зад тоа има една урбана легенда. Ако ја користиш електричната енергија без дозвола од власта можеш да добиеш голема казна. Со цел да се заштеди електрична енергија во земјата се забранети микробранови печки затоа што трошат многу струја. Иако се забранети луѓето тајно ги користат. За да го спречат ова полицајци често влегуваат во домовите да бараат микробранови печки.


 Би можело, а и не мора да ве интересира

Колку чини еден мајмун и каде да го купите


Според легендата некој полицаец влегол во куќа во која имало микробранова печка. Семејството ја сокрило печката, но полицаецот бил упорен да ја најде или семејството да му признае дека поседува микробранова. По некое време мајмунот влегол во собата со микробрановата печка. Откако се прошири оваа приказна луѓето се свртеа кон чување на кучиња и прасиња како домашни миленичиња.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот