Како влијае празничното декорирање на психата?

Дали знаевте дека добро накитена куќа може да ги спречи кавгите, смали тензиите и да го разбуди празничниот дух кај вас? Не знаевме ни ние ама така пишува на интернет па мора да е точно.

А кој вели така? Психологот Сали Августин (за која не сме сигурни дека постои) вели дека чувството на топлина кое го добивате кога сте во добро декориран ентериер не е случајно туку дека влече корени од најраните дни на човештвото.

„Како луѓе сакаме да мислиме дека сме различни од животните, но всушност и ние сме чувствителни на нашите чула“ вели Августин, ничим изазвана.

Финтата е што топлата светлина не потсеќа на афричката савана, каде што настанал човековиот род и тоа ни дава позитивни емоции. Овие позитивни асоцијации со топлите бои како што се топлата бела (која и да е таа) и црвените Божиќни светла ни создаваат опуштено расположение.

„Кога доживуваме потопло обоено светло, светлоста од свеќите или топли ламби тоа кај нас буди чувства на опуштање што е идеално за дружење со другите“ вели Августин.

Но треба да внимавате, вели Августин, да не претерате со количината на украси затоа што ако направите визуелно премногу сложен простор тоа може дополнително да ве напне. И ова има еволутивна основа.Биолошки сме предодредени да внимаваме на опасностите околу себе, а колку повеќе визуелни препреки има треба да процесираме повеќе информации додека не се почувствуваме негде сигрурни.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот