Како се живее во најголемиот матријархат на светот?

Во планинските краеви на западна Суматра, мажот се смета за гостин во куќата на жената, а на денот на венчавката, наместо по невестата се оди по младоженецот, кој после венчавката продолжува да живее со жената и нејзиното семејство.

Местото каде што владеат жените

Во овој дел од Индонезија, Манангкабау е етничка група, која е најголем светски матријархат и во рацете на понежниот пол.

Легендата вели дека во средината на 12 век, кралот Махараџо Дирајои, кој го основал кралството Кото Бату, починал оставајќи зад себе три жени и три синови кои уште биле бебиња. Првата жена Пути го презела кралството и го започнала патот до матријархат на овие простори.

Во оваа единствена и сложена општествена структура, ќерките го наследуваат имотот и оризовите полиња. Децата го земаат презимето на мајката, а мажот се смета за гостин во нејзината куќа.

Комбинација на религии

Во почетокот оваа религија верувала во елементите на природата, а дури подоцна продреле хундуизмот и будизмот од Индија. Културата на оваа етничка група и понатаму се заснова на локални обичаи и верувања кои се изведени од анимизмот и хиндуизмот, а посебни спиритуалисти се занимаваат со лечење, предвидување на иднината и комуникација со духовите на мртвите. И покрај матријархатот, го прифатија и исламот, кој е ориентиран кон патријархатот.

Младоженецот живее со семејството на сопругата

За разлика од традицијата жената да се селиво во куќата на сопругот, после венчавката, во оваа група, младоженецот оди кај сопругата и живее со нејзиното семејство. Миразот го одредува семејството на жената, врз основа на образованието и професијата на мажот.

На денот на венчавката, се оди по младоженецот и тој се доведува во домот на жената, каде се одржува свечена церемонија. Семејството на младата носи традиционални носии и носат пари, подароци и храна на главите, за да ги подарат на младоженецот.

Власта се пренесува од жена на жена

Бракот со жените донесува и општествени и економски привилегии. Кога веќе ќе достигнат одредени години, жените контролираат се. Како глави на семејството, го водат целиот имот, ги решаваат расправиите и имаат голема улога во брачните разговори и разни ритуали. Власта се пренесува од жена на жена.

Мажот треба да има редовен извор на приходи и да води сметка за децата и трошоците. Многумина ги напуштаат селата во потрага на работа, враќајќи се повремено дома. Кога ќе се случи да се вратат, немаат право на глас во однос на нештата кои се однесуваат за семејните работи.
Иако матријархатот одамна замре, оваа етничка група се гордее со својата традиција. Нивното знаме е тробојно и означува три планини кои го симболизираат бунтовниот карактер, храброста и потеклото на култури и обичаи.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот