Како се измени животот на Блискиот Исток во последните 58 години

Богатата  колекција на фотографот Колберт Хелд направена во текот на неговите патувања по земјите на Блискиот Исток, сместена е во овој краток документарен филм, кој воодушевува.

Колберт Хелд, поранешен службеник и дипломат  на САД, собрал неверојатна колекција на фотографии кои го опфаќаат периодто од 58 години и 17 земји во кои престојувал. Фотографиите ги направил за да има подетални, фотографски записи за сите места на кои бил – еден вид на приватна географска архива.

Она што е специфично кај оваа колекција е успешното бележење на историјата на Блискиот Исток, која до сега никој не успеал вака да ја прикаже. Гледано од денешна перспектива, фотографиите од минатото го прикажуваат преминот од “постар“ традиционален начин на живот во денешниот, модернизиран свет. Некои од фотографиите будат сеќавања на некои посреќни времиња, период пред денешнте војни кои го потресуваат регионот.

Краткиот документарен филм кој следи е снимен од страна на Џенифер Смарт, во соработка со Институтот за Блискиот Исток, а инспириран е со неверојатното животоно дело на Колберт Хелд.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот