Како Одри Хепберн го промени поимот за женственоста

Одри Хепберн, холивудската ѕвезда која светот го освои со филмот Појадок кај Тифани, потоа со филмовите Празник во Рим и Сабрина, по многу работи била единствена и предизвикала не само воодушевување туку и почитување.

Иконата на модниот стил била многу повеќе од актерка и од модер арбитар. Со виток стас со струк од неверојатни 50 сантиметри и секогаш елегантна во креациите на својот омилен креатор Живанши била отелотворување на идеалот на женственоста.

Поседувала неодолив шарм, добрина, големо срце, а пред се дамска отменост и префинетост со кој се издигнувала над холивудските секојдневни скандали и сензации.

Веројатно поради тоа што рано останала без татко, големо значење придавала на семејството и на семејниот живто. Посветувајќи се на своите деца, се грижела и за останатите деца кои неуморно ги посетувала како амбасадорка на УНИЦЕФ.

Родена е 1929 година во Брисел, а веќе со пет години, мајка и Холанѓанка и татко и Ирец, ја пратиле во интернат во Англија за да учи балет. После почетокот на  Втората светка војна родителите се разведуваат и таа оди со мајка и во Холандија, за да бидат посигурни. Тешките воени години ги поминала повторно учејќи балет  и приредувала за да преживее балски приредби што довеле до нејзината неухранетост, па често немала сила за танцување.

Поради целосниот недостаток на храна, луѓето  јаделе лалиња, додека немало друга храна, тука се наоѓаат и корените на пореметувањето во исхраната со кои се борела цел живот, растргната помеѓу желбата да се најаде и осетливиот желудник и имепративот за витка линија.

Токму фигурата на нејзиното тело ја одредила нејзината иднина.

Порофесорката кај која учела балет во Лондон, сметала дека никогаш нема да стане примабалерина, затоа што била превисока, 1.70см и тешка 50 кг. Жената која целиот свет ја славеше како отелотворување на женственост и елеганција, себе си се сметала за предебела и грда. Мрзејќи се себе си стекнала чувство на несигурност и пониска вредност, кога станува збор за изгледот.

Иако нејзините соништа за балетска кариеа биле завршени, таа сепак се нашла на сцената во мјузикл. А потоа и пред филмските камери како хероинината Жижи.

Убавата актерка набрзо ја забележиле и славните холивудски продуценти и така започнала нејзината филмска кариера.

Празник во Рим и донел трајно пријателство со Грегори Пек, со кој не била во љубовна врска, иако за тоа се шушкало.

Имено, Одри била неискусна во љубовта. Била верена зљ Британецот Џејмс Хенсон, но венчавката ја откажала во последен момент.

Подоцна го запознала актерот ирежисер Мел Ферер кој ја освоил со своето упорно додворување и ја наговорил да ја прифати улогата во претставата Ундина за која во 1954 година ја добила наградата Тони.

Подоцна се мажи за Ферер кој е 12 години постар од неа и на кој тоа му бил трет брак. После два абортуси, го родила синот Шон, а Ферер повеќе ја поттикнувал во кариеарата отколку што и пружал љубов и поддршка. Контролирајќи ја во кариерата, сакал да и докаже дека за актерството и филмот знае повеќе од  неа.

Поради тие причини, култниот филм Појадок кај Тифани снимен е во многу непријатни околности и на општо незадоволство на сите присутни на сетот. И покрај сето тоа, овој филм ја потврди како икона на стилот, затоа со него го дефинирала оној препознатлив изглед со помош на Живанши.

Парот после бројни несогласувања се разделил во 1968 година, Одри паднала во состојба на депресија и се обидела себе си да си ги пресече вените.

Не  е ни чудо, после тоа, што се впуштила во нешто повеќе од флерт со Алберт Фини, партнерот од филмот Two For thе Road, а потоа после година дена повторно била во брак со италијанскиот психијатар Андреј Доти, со кој го добила синот Лук. Но, на Доти вниманието  му го привлекувале помлади жени, па тој брак се завршил оној момент кога Одри увидела дека синовите и се доволно возрасни за да можат да живеат сами.

Најсреќните години од својот живот ги поминала со актерот Роберт Волдерс со кој во љубов живеела се до својата смрт, 1993 година, откако и дијагностицирале редок вид на рак на црева.

Снимен е и биографски филм за Одри, The Audrey Hepburn Story која сведочи за многу поединости од нејзиниот живот, а ќе остане запомнета како жена со ведар, отмен и префинет дух.

Отмената дама во мал црн фустан со бели бисери околу вратот, елегантно подигната пунџа и долги тенки прсти со кои ја држи муштиклата, со освои светот. Во тао издание доби почесно место на поштенските марки, но тие се одобрени неколку години подоцна, затоа што нејзиниот син Шон, бил против тоа дама како неа да држи муштикла во рака.

Одри Хепберн како архетип на современата жена

Може со сигурност да се каже дека оваа актерка е архетип на многу современи жени,. Ако постои женски културен манифест, тогаш со право можеме да речеме дека нејзиониот втемелувал е токму таа, Одри е отелотворение на женственоста.

Речиси секоја идеологија претставува меч со две острици, па така и оваа, иако со голема примеса на префинетост и отмен дух, таа делуваше на женскиот пол деструктивно. Младите девојки и ден денес се изгладнуваат. Анорексијата и булимијата како болести на модерното време, настанале аналошки, по пат на праидолот.

Самата Одри  и покрај воените околности кои биле зад неа, се подложувале на ригорозни диети, па така и со своите 50кг била неподобна за балет, од кој со чувства на пониска вредност се откажала. Токму овие детали зборуваат за денешниот изместен систем на вредности. Голем број на млади девојки умираат во цутот на младоста.

Незадоволни од својот изглед, девојките одат во друга крајност. По модните писти шетат анорексични млади лица, лица кои се идоли на целата како машка така и женска популација. Поистоветувањето не донело ништо добро.

Да се биде свој, како што била Одри, била уметност, личен печат кој го оставаме зад себе каде и да се појавиме. Одри тоа го знаела.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот