Како Хитлер ја искористил Олимпијадата во своја полза

Олимписките игри во Берлин 1936 година привлекоа толку многу внимание на светската јавност поради фактот што во тој период на чело на Германија бил нацистот Адолф Хитлер, познат по расната нетрпеливост.

Сепак Хитлер сакал да ја прикаже Германија во сосема друго светло. Сакал да прикаже силна, моќна држава која е соединета околу поддршката на фирерот. Дека Олимписките игри биле од големо значење за него зборува фактот дека во летото 1936 година, барем за момент прекинало антиеврејското расположение, кое било уште тогаш многу изразено. Во Берлин, како домаќин на игрите биле изведени многу градежни работи за градот и Германија да се покажат во најдобро светло. Значи Адолф Хитлер бил свесен за огромното политичко значење на игрите и колку е важно на светската јавност Германија да и биде претставена како една фантастична земја.

Значењето на медиумите било откриено. Отворањето на игрите го прателе повеќе од десет сниматели под водство на Лени Рифенштал. Американците ги пренесувале случувањата од Берлин преку радио. За првпат Олимписките игри се пренесени преку телевизиски сигнал.

Игрите останаа запаметени по фантастичниот атлетичар од САД, Џеси Овенс, кој во Берлин освои 4 златни медали. Но, многу прашина се дигнало околу одбивањето на Хитлер да му честита на Џеси Овенс на постигнатите резулатати. Иако не било предвидено Хитлер да му честита на било кој, тој вон организациските планови, секогаш им честитал на претставниците на својата земја и на Финска.

На 15 септември 1935 година, Хитлер го потпишал Нирнбершки закони и Евреите ги прогласил за полулуѓе. После тој настан, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет, Белгиецот  Анри Баје Латур, побарал итен состанок со Хитлер на кој тој му ветил: “Германија ќе ги почитува олимписките принципи“. И навистина ги почитувала таман онолку за да не го сврти светското олимписко движење против неа. Сепак постапката со Овенс била неразбирлива, бидејќи ако честитки, макар и тајно, се праќале до спортисти на две земји, така требало да се постапи и кон американскиот атлетичар.

Она што се слушнало во јавноста биле зборовите на водачот на младината на Хитлер, Балдур фон Ширах, кој рекол дека “канцеларот има изразен анимозитет кон црните атлетичари кои настапувале за САД“. Сепак, ни тогаш не можело со сигурност да се тврди дека тоа е причина за однесувањето на Хитлер кон Овенс.

Разрешување на дилемата нешто подоцна дал Џеси Овенс кој во автобиографијата напишал: “Кога поминав покрај канцеларот, тој стана, ме поздрави и ми мавна со раката и јас му одмавнав.“ Со оваа реченица Џеси Овенс даде одговор на едно многу сериозно прашање.

Иако првобитно требало игрите да се прикажат како неуспешни во светот, следел еден реален заклучок.

Германија го постигнала тоа што сакала со игрите. Спортистите на оваа земја биле најуспешни со 33 златни, 26 сребрени и 30 бронзени медали. Прикажана е како силна и сложна Германика, која е отворена за посетители од целиот свет. Остварена е и третата цел на овие игри, а тоа било прикривање на нацизмот кој рапидно растел. Нацистичкото раководство со организацијата на игрите успеало да го воодушеви светот.

Во последното јавно обраќање, поранешниот претседател на Меѓународниот Олимписки комитет Пјер де Кубертен, изјавил: “Овие игри беа грандиозни и организирани со хитлеровска сила и дисциплина. Светот несомнено бил импресиониран со начинот на кој игрите се одржани и организирани.“

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот