Како до совршен утрински секс

Кога ќе го започнете денот со секс, нема само подобро да се чувствувате, туку ќе го подобрите и здравјето, изгледот и секако вашата врска. Кога звукот на будилникот и тоа непријатно будење ќе го претворите во нежно мазење со парнерот денот веднаш ви почнува со полно позитивни работи. Денот кој почнува со сексуален однос има позитивно влијание на вашето здравје и среќа.

Утринскиот секс отпушта хемикалии на среќа, хормонот окситоцин, која на паровите им дава чувство на љубов и поврзаност в текот на целиот ден, ви дава сила и поубав и поведар изглед. Сексуалниот однос влијае на јакнење на имунолошкиот систем, подобрување на квалитетот на вашиот тен, коса, нокти...

Совети за утрински секс:

Секси будење

Наместо иритантната будилка, наместете да ве буди пријатна секси музика

Непријатен здив

Измијте ги забите за со лошиот здив да не ја уништите атмосферата и предиграта. Ако немате време или едноставно не ви се оди во тоалет, земете гума за џвакање. Можете навечер да ги ставите на комодата.

Биологијата е на ваша страна

Машкото тело чувствува силна сексуална желба веднаш наутро. Имено, додека мажот спие, се собираат тестостерони кои ќе се користат наредниот ден. Поради тоа, машката сексуална желба е на врвот три часа после будењето.

Стимулирање на страста

Штом се разбудите, припијте се до парнерот и длабоко воздивнете. Уште не се истуширал, па ќе ви биде дополнителн возбудлив неговиот природен мирис. Научниците од Универзитетот во Пенсилванија утврдиле дека природниот машествен мирис под пазувите докажано го подигнува женското либидо. (?!)

Не морате да глумите акробати

Наутро и двајцата сте спори, нежни и мазни, па немојте ни да се впуштате во акробации. Пробајте пози кои бараат најмалку труд. Освен тоа, за утро најдобро е нежен, опуштен и спор сексуален однос.

Уживајте во погледот

Според едно неодамнежно истражување, жените во текот на сексот еднакво лесно визулено се возбудуваат како и мажите. Заменете ја несигурноста со чисто задоволство и уживајте во меѓусебните погледи. Нема потреба да се криете по чаршафите, тргнете се за двајацата да осетите визуелно возбудување.

На брзинка

Утринскиот секс не мора да е долготраен. Всушност утрата се најдобри за секс на брзина, затоа што веројатно нема да имате премногу време, а адреналинот поради спонтаниот секс ќе го интензивира искуството. Покажете иницијатива кога парнерот тоа најмалку очекува – додека излегува од туш, додека се облекува или подготвува доручек.

После сексот впуштете се во заедничко туширање. Туширајте се со топла вода затоа што топлината ја доведува крвта на површина на кожата и таа станува осетлива на допири. Насапунајте се со гел за туширање и додека се туширате разменувајте нежности. Доколку немате време за брз секс можете веднаш да го земните за страсно мазење.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот