Како да знаете дека сте во роман на Хемингвеј

Во нестабилното современо секојдневие, присуството на објективна стварност е под знак прашање. Можеби е се колективна илузија, можеби сме во Матрикс, можеби сме само пиони на нечија фикција. Дали сте пион во роман на Ернест Хемингвеј? Осудете се проверите.

1. Секој кој го знаеш те почитува. Од тоа ти се гади.

2. Вратата е бела и денот е врел. Задоволен си.

3. Евреинот мисли дека му си пријател. Тоа ти се гади.

4. Маж си. Маж! Мажот е маж баш како што дрвото е дрво.

5. Некој Грк неразбирливо се дере на тебе. Затоа си пијан.

6. Изгуби нешто во војната. Затоа си пијан.

7. Жена те гледа. Носи шешир на начин на кој ти се чини е неподносливо независен и мажествен. Ја презираш.

8. Стоиш на врв на планина. Планината ти се воодушевува дека си се искачил на неа. Тебе ти е сеедно што планината мисли за тебе, палиш цигара. Цигарата ти се воодушевува затоа што ја пушиш. Повремено и со потсмев му се смееш на сонцето. Некаде вратата е бела.

9. Пукаш во големо животно, но мислиш на една жена. Не можеш да го погодиш. Стануваш бесен.

10. Еднаш во Париз запозна хомосексуалец. Ти требаа две години пешачење по снег во зафрлените делови на Мичиген за да се опоравиш.

11. Се збогува со млада девојка со бело лице на црн воз. Спремен си да умреш.

12. Келнер, дај уште еден рум.

13. Ги мразиш сите свои пријатели. Немаш пријатели. Сам си на море. Сега го мразиш морето, но како само ги почитуваш рибите во него. Како ги мразиш алгите. Како си рамнодушен кон коралите.

14. Стомакот те боли, така знаеш дека си жив.

16. Стоиш во река и нешто доаѓа да те убие. Кога ќе стигне, го очекуваш со раширени раце и силно смеење.

 

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот