Како да изградиш куќа како сељак

Си спечалил некоја пара (радим на црно, трошим на бело хехе) и сега сакаш конечно да ја имаш куќата од соништата, но не знаеш што треба да има таа куќа. Не се секирај еве еден мал водич за внатрешно и надворешно уредување.

Екстериер

Во зависност од тоа колку сакаш комшиите да мислат дека работиш на црно таква треба да ти е и оградата. За да предизвикаш љубомора во соседството најдобро е да направиш метална ограда преку која лесно ќе се гледа куќата. Но и столбови на кои има повеќе гипсени лавови отколку што има лавови во дивина во Африка.

 

Златни по можност.

Ако сакаш да покажеш дека имаш стил ова е вистинското решение. Се разбира брендот може да биде и друг освен Луи Витон.

Ако сакаш соседите да се плашат и да мислат дека до нив живее човек од подземјето важно е место ограда да подигнеш ѕид околу куќата кој ќе спречи да се гледа внатре.

А место видео камери можеш да поставиш и живи камери...

По закон мора да имаш огромен ќуп од кој излегуваат цвеќиња.

Отакако ја среди оградата време е за уредување на дворот. Сакаш да покажеш дека си заработил многу пари, но и дека си чесен човек. За тоа нема подобро од макета на црква во двор!

Секој поштен човек и верник се разбира дека е и патриот. За сите да знаат мораш да имаш нешто од ова во дворот...

Досега средивме се за да можеш да се покажеш пред луѓето кои не те познаваат, а сега е време за пријателите. Ништо не го собира друштвото како скара и пиво па затоа мора да имаш скара која е голема минимум колку еден крематориум.

И место за седење

На крај напиши го некаде своето име, да се знае кој е газда!


 Би можело, а и не мора да ве интересира

Комплетен водич: Како да си сељак

Погледнете ја оваа просечна куќа во Комо, Италија!

Погледнете го ова просечно поткровје за кое никој не сонува


 

Ентериер

После првиот впечаток на гостите, мора да имаш и ентериер кој воодушевува. Најважно во внатрешноста е да изгледа како да си потрошил многу, а да не потрошиш скоро ич. Затоа најдобар избор се детали кои личат дека се направени од злато, сребро и многу светла во шарени бои. Огледала, циркони само да свети!

Се разбира дека и во внатрешноста на куќата мораш да покажеш дека си чесен човек. Затоа постојат и макети од цркви и манастири за во дневна соба.

А мораш да покажеш и дека се патриот.

До икона најдобро е да ставиш слонче кое носи среќа во домот.

Mожеш да закачиш и сопствен портрет само никако од вистински уметник. Најди некој роднина и пријател што имал петка по ликовно и почасти го пиво.

Купатилото мора да го одразува другиот дел од домот.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот