Како да фотографирате акт

За почеток, покрај фото-апаратот и моделот, осигурајте и платно за позадината, рефлектор или некое друг извор на светлина кој може да се движи по потреба (може и обична лампа). Доколку имате некоја интересна просторија, тогаш е можно и без платно за позадина, н о доколку сте почетник, поедноставно е да започнете со експериментирање со платно.

Користете платно со црна или бела боја, иако фотографирате во боја, слободно користете платна во боја, затоа што „обоената“ позадина може да даде интересна атмосфера.  При изборот на црно или бело платно секако размилсувајте што сакате да постигнете со актот. Белата позадина ќе го рефлектира светлото, додека црната ќе го „проголта“. Црното планот е многу подобро ако немате професионално осветлување.

Добро поставеното светло и дава на фотографијата драматика, посебно ако работите црно-бела фотографија. Токму поради “драмата“ битно е светлото да го дифузирате. Тоа можете едноставно да го направите со ставање на тенка тканенина на пример, чаршав, пред лампата. Сепак најдобро е да користите бел, прозирен чадор.

Ако направите дирекно осветлување со силно светло, моделот ќе изгледа неинтересно и рамно. Секако постои можност  за користење на дневна светлина, но тоа бара многу затоа што моделот тогаш е подреден на статичен извор. Ако се одлучите за дневно светло, секако користете црна позадина.

Што се однесува на поставувањето на осветлувањето најдобро е сами да експериментирате со аглите на поставување. Започнете со една светлина и постепено додавајте други. Задолжително водете сметка за должината на експозицијата.Експозицијата зависи од стабилноста на вашата рака и немојте никако да заборавите од стабилноста на моделот. Доколку имате статив за камерата можете слободно да одите до 1/15. Сметајте дека што подолго трае фотографирањето, тоа повеќе моделот ќе е нервозен, а со самото тоа повеќе че се движи, па поради тоа, потешките фотографии направете ги на почетокот.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот