Како да бидеш сељак во автобус

Во градски автобус

Припреми:

Во оваа фаза е строго забрането практицирање на лична хигиена. Минимум три дена пред возењето со автобус не се користат антиперспиранти, парфеми, а сапунот и водата се најстрого забранети. Пожелно е готвење на манџа во облеката во која ќе си облечен за време на возењето. Непосредно пред возењето се препорачливи неколку чашки ракија, а ако не конзумираш алкохол само гаргара со истата.

Во текот на возењето:

Ако има место седни на празното место, а ако има две празни места седи така што нема да оставиш простор да може друг да седне. Можеш и да ги кренеш нозете за да покажеш доминација. Кога веќе си седнат не станувај за никој. Ни постари, ни трудници. Пуштај ги твоите омилени турбофолк песни на глас и немој да слушаш музика на слушалки.

Во случај да нема место за седење и мора да стоиш најди ја најувавата девојка во автобусот и стои преблиску до неа. Пожелно е да и дишеш во врат со здив кој мириса на ракија, а ако се сврти гледај ја во очи без да трепнеш. Доколку мора да стоиш до седиште погрижи се твоите интимни делови да се што е можно поблиску до седнатиот патник.

Барај возачот да те слезе на место на кое што нема автобуска постојка.

Во меѓуградски автобус

Припреми:

Непосредно пред тргнувањето е совршено време за 10 ќебапи со кромид и неколку пива во сендвичарата на автобуската станица. Се разбира, пивото оди со цигара па така пред да влезеш во автобус наполни ги градите со чад и биди сигурен дека ќе го испуштиш внатре.

Во текот на возењето:

Пивото ти прави гасови кои ако останат во телото се штетни за здрвјето па така не се воздржувај. Сите се луѓе ќе те разберат! Во меѓувреме е препорачливо да ги извадиш чевлите и да ги разлабавиш пантолоните. Се тоа додека прегласно зборуваш по телефон. Под зборување се подразбира гласно смеење и пцуење. Откако се смести спушти го седиштето до крај и клоцај го тој пред тебе.

Ако дестинацијата е подолга од 30 километри со себе мораш да имаш салама и леб кои ќе ги јадеш за време на целиот пат. Гласното џвакање и шлапањето со устата се дел од вкусниот оброк.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот