Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

Ако веќе имате интернет, а пошто не излегуваме во печатено издание сигурно користите, знаете дека има посебен речник кој го користат само македонските портали и никој друг во реалниот живот. Но како што рекол Конфучие „Животот го емитира интернетот“ па прашање на време е кога некој во фаца ќе ви се раздери ШОКАНТНО! Затоа бидете спремни за тоа, епа еве како би изгледало ако во секојдневниот живот влезе македонскиот дел од интернетот.

- Мамо имавме писмена задача и пишував за кучето што не умре

- ТАЖНА ИСПОВЕД НА ЕДНА МЛАДА СКОПЈАНКА КОЈА ЌЕ ВИ ГО РАСТРЕПЕРИ СРЦЕТО

- Најдов влакно во кифлата

- КУПИЛ КИФЛА ОД СВОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕКАРА ОНА ШТО ГО ПРОНАШОЛ ВО НЕА ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ АКО СТЕ ЌЕЛАВИ

- Се напив парацетамол и ми помина главата

- ГО ИМАТЕ ВО ВАШИОТ ДОМ, А СО НЕГО ЌЕ ИЗЛЕЧИТЕ СКОРО СЀ, АКО ТОА СЀ Е ГЛАВАТА И ВЕ БОЛИ ОД ЕДЕН ДО ДЕСЕТ НЕКАДЕ ОКОЛУ ТРИ (ФОТО + ВИДЕО + БРИС)

- Фејсбук статус „mogu da me povrede ali ne i da me povrede“

- ПЕРО ОД МИСЛЕШЕВО СО ОВАА МУДРОСТ ГИ ЗАМИСЛИ СИТЕ ЧЕТИРИ СЛЕДАЧИ, 26 ПРИЈАТЕЛИ И ТРОЈЦА РОДНИНИ. ПРОЧИТАЈТЕ И РАЗМИСЛЕТЕ ПОВТОРНО

- napred vmro

- НАРОДОТ МАСОВНО МУ ДАВА ПОДРШКА НА ВМРО-ДПМНЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

- napred sdsm

- ГРАЃАНИТЕ МУ РЕКОА НЕ НА РЕЖИМОТ! СЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА СДСМ НА СОЦИЈЛАНИТЕ МРЕЖИ

- napred demoratski sojuz

- НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ ШТО НАШИША ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

- Некако ко поубо да ми е од сокот

- МАГИЧНА НАПИВКА КОЈА ГИ ЛЕЧИ СИТЕ БОЛЕСТИ, А МОЖЕТЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ САМИ ДОМА

- Ќе одам да работам на брод и ќе ми фали мајка ми шо готви

- ОВОЈ МАКЕДОНЕЦ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ И ВЕЛИ ДЕКА НИКАДЕ ВО СВЕТОТ НЕМА ПОДОБРА ХРАНА ОД МАКЕДОНСКАТА (ФОТО + ВИДЕО + ДЕГУСТАЦИЈА ОД ХРАНАТА НА МАЈКА МУ)

- Митинг на ВМРО - ДПМНЕ - 10.000 луѓе

- (позициски) РЕКА ЛУЃЕ ДОЈДОА ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПОЛИТИКИТЕ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ И СТАБИЛНОСТ НА ВМРО - ДПМНЕ! ОКОЛУ 10.000 ЛУЃЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

- (опозициски) ФИЈАСКО НА РЕЖИМОТ! ГРУЕВСКИ ДРЖЕШЕ ГОВОР ПРЕД ПРАЗЕН ПЛОШТАД ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА! ВО ПУБЛИКА САМО ДВЕ КУЧИЊА И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ

- Митинг на СДСМ - 10.000

- (позициски) НАРОДОТ И РЕЧЕ НЕ НА ПОЛИТИКАТА НА ДЕСТРУКЦИЈА И НА ТЕМНИТЕ СИЛИ НА СОРОС КОИ ГО ФИНАНСИРААТ СДСМ ЗА ДА ЈА РАСТУРИ МАКЕДОНИЈА

- (опозициски) OКОЛУ 100.000 ЛУЃЕ ДЕНЕС ИЗЛЕГОА СО ПОДДРШКА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА И СЛОБОДАТА ВО МАКЕДОНИЈА И МУ ПОКАЖАА СРЕДЕН ПРСТ НА РЕЖИМОТ

- Сопственичка на бутика ставила слика на Инстаграм

- ЖЕШКА МАКЕДОНКА ГО ЗАПАЛИ ИНТЕРНЕТОТ И ТОЈ УШТЕ ГОРИ ДОДЕКА ПРОТИВ ПОЖАРНИТЕ БРИГАДИ ЛАВОВСКИ СЕ БОРАТ ДА ГО ИЗГАСНАТ

- Ќе те оставам

- НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: ЈА ОСТАВИЛ ДЕВОЈКАТА САМО 157 ДЕНА ПОСЛЕ СВ. ВАЛЕНТИН, А ТАА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ МУ ИСПРАТИ ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА!

- Видео од две деца кои играат на ливада

- ОВА ВИДЕО ЌЕ ВИ ГО СКРШИ СРЦЕТО И ЌЕ ВЕ НАТЕРА ДА ЦЕНИТЕ ТОА ШТО ИМАТЕ БРАТ ИЛИ СЕСТРА

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот