Каде се, што прават: Топ листа надреалиста

Неле Карајлиќ

роден 11.12.1962 година во Сараево

Неле Карајлиќ е рок музичар, композитор, актер, писател и телевизиски режисер.
Роден е и живеел во Сараево. Во текот на 80-тите беше познат како пејач на групата “Забрањено пушење“ и секако како актер и писател на популарната “Топ листа надреалиста“.

Во април 1992 година бега од војната од Босна и Херцеговина во Белград, каде со нова постава ја продолжил работата на новата група “Но смокинг оркестра“. Заедно со оркестарот имаа успеши турнеи низ Европа, Латинска Америка, дури и Азија. Исто така ја создаде музиката за филмот на Емир Костурица “Црна мачка, бел мачор“ од 1998 година. Компонирал, глумел, го напишал сценариото и ја режирал серијата “Сложна браћа“ во 1995 година. Основач е на движењето на Новиот Примитивизам.

Имаше обид за оживување на Надреалистите преку новата серја која ја продуцираше “Надреална телевизија“ во 2012 година.

Во 2014 година ја издаде книгата “Фајронт во Сараево“ која помина многу добро и кај публиката и кај критиката, и до крајот на годината се продаде во 80 000 примероци.


Бранко Ѓуриќ - Ѓуро

роден 28 мај 1962 година во Сараево

Ѓуро е еден од најпрепознатливите босански актери, комичари, режисери и драмски писатели. Завршил Академија за драмски уметности во Сараево во 1988 година, а славата ја стекна со Топ Листа Надреалиста.

Со почетокот на војната го напушта родното Сараево и заминува во Словенија, од каде продолжува да работи на телевизија, на филм и во театар. Неговиот режисерски првенец “Кајмак и мармелада“ постигна огромен успех во Словенија. Во 2004 година на сцената на Театарот на млади во Сараево премиерно е изведена претставата “Што ќе правиме сега?“, според негово сценарио.

Во последните години се врати и на својата прва љубов- музиката, па со својата група “Бомбај штампа“ има успешни настапи.


Јадранко Дадо Џихан

роден 24.95.1964 во Сараево

Дадо е композитор и музички продуцент кој беше истакнат член на Надреалистите, на “Забрањено пушење“ и на движењето Нов Примитивизам. Од 1991 година живее во Лондон и работи како композитор, музички продуцент, пијанист и актер. Беше дел од филмот на Анџелина Џоли “In the Land of Blood and Honey“.


Зенит Ѓозиќ

роден 8.10.1961 година во Бугојно

Зенит е актер, комичар, телевизиски продуцент и еден од идејните творци на Новиот примитивизам, а беше и многу впечатлив лик во Надреалистите. Во текот на војната останал во Сараево, каде ги снимал Воените Надреалисти кои беа исто така популарни.

После војната завршил академија на сценски уметности во Сараево, по што магистрирал телевизиска продукција во Лондон и таму работел. Од 2006 година повторно работи во Сараево како тв продуцент.


Елвис Ј. Куртовиќ

роден 1962 во Сараево

Мирко Срдиќ познат како Елвис Ј. Куровиќ завршил Градежен факултет во Сараево, но тоа го криел од јавноста затоа што “Децата не купуваат албуми на образовани луѓе, мораат да мислат дека сум некој наркокам, кој се дрогира и пие алкохол, да мислат дека сум вистински рокер, затоа што нема тие да слушаат некој кој е градежен инженер.“ Во текот на 80-тите го создаваат Новиот примитивизам. Беше дел од “Забрањено пушење“, Надреалисти и бендот “Elvis J. Kurtović & His Meteors“. Во 2006 година го почнува Nadreality Show, своевидно продолжение на Надреалистите, кое постигнува популарност во регионот. Сега работи како музеички уредник во Радио Сараево и како колумнист на порталот radiosarajevo.ba.

 


Борис Шибер

Сега е уредник на Федерална телевизија


Дражен Ричл Зијо

роден 12.03.1962 година во Сараево

Дражен пораснал со мајката Елвира, затоа што татко му починал уште кога Дражен бил дете. Завршил средно музичко училиште, а подоцна запишал новинарсто. Набрзо започнал да свири во групата Ozbiljno pitanje, заедно со Златко Арсланагиќ, а потоа и со Elvis J. Kurtović & His Meteors, каде свирел во периодот од 1981 година до 1985. Меѓутоа на почетокот на 1985 година ги напушта заедно со Арсланагиќ и ја формираат групата Црвена јабука. Учествуваше во првата сезона на Топ Листа од 1984 година. На 18 семптември 1986 година, доживела сообраќајна несреќа кога со Арсланагиќ и Буха, одел на концерт во Мостар. Буха почина веднаш на местото на несреќата поради тешки повреди, а Ричл е пренсен во Белград поради тешките телесни повреди, две недели подоцна починал. Погребан е во Сарево. На местото на несреќата во 2009 се постави спомен плоча.

 

Давор Дујмовиќ

роден 20.09.1969 во Сараево

Давор засекогаш остана да живее со прекарот Перхан, името на ликот од “Дом за бесење“. Во Сараево останал во првите месеци на војната, и после тоа разочаран, заминува во Белград. Таму снима уште неколку филмови, од кои најпознат е Underground. После завршувањето на војната, Давор оди во Бања Лука, каде го запознава Андреј Гартнер со кој го основа фондот за култура на Република Српска, кој потоа ќе биде наречен по него. После Бања Лука, заминал во Словенија кај девојката со која живеел последните месеци. Таму своето време го поминувал во природа со коњите. Во Ново Место, Словенија на 31.05 1999 година извршил самоубиство.

Дарко Оги Остојиќ

Неле го вовел во актерските води и станал дел од Топ Листа. “Моето име е незабележително во однос на екипата на ТЛН, а луѓето ме викаат по различни имиња, за некој сум Минка, за некој Цане Пребранац, Оги сум за пријателите, во семејството Дарко.

Беше дел од хумористичната серија “Секс и село“, како и дел од “Луда куќа“ и “Луд, збунет, нормален“, а со театарот Рајвос се претстави на публиката во Шведска.

Давор Сучиќ

роден на 07.06. 1961 во Сараево

Давор е познат и како Сејо Сексон, гитарист и основач на рок бендот “Zabranjeno Pušenje”. Основно и средно училиште завршил во Сараево, а потоа стигнал до апсолвент на Медициснки факултет кој никогаш не го завршил. Од својата 12 година свири гитара, а сега е фронтмн на сараевското З “Zabranjeno Pušenje”. Беше дел од воената постава на Топ Листа. Моментално живее во Сараево.

Избор плус:

 

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот