Каде се, што прават: Ликовите од Тропска горештина

“Тропска горештина“ (Tropical Heat) е канадска телевизиска серија која сите ја обожувавме, од 90–тите кога започна до се емитува на македонската телевизија, па секое наредно лето кога ќе беше решено да се репризира.

Инаку канадската серијата прикажувана во 1991 и 1993 година, била снимана во копродукција со Мексико и Израел и има три сезони со 66 епизоди. Првата сезона е снимана во Мескико во Порто Валарта, другата во Елиат, Израел, а третата во Преторија, во Јужноафриканската Република, со дел од сцени кои се снимани на Маурициус.

И секако сите го знаеме текот на серијата. Двајца приватни детективи, Ник Слотер, поранешен полицаец и Силви Жерард, поранешен туристички агент решаваат бројни случаи со извонреден успех и надчовечки детективски способности. Па сите саквме да бидеме како нив. Дејствието на серијата е сместено во измислениот град Ки Мараја во Флорида.

Роб Стјуарт е несуден канадски професионален хокејар (толку од стереотипите) , но поради повреда морал да прекине да игра и да се занимава со нешто друго. А тоа “друго“ се многу нешта: додека студирал англиски и латински, свирел гитара, пишувал песни и пеел во локлниот ресторан, работел како каскадер во забавен парк, бармен, технички службеник. Но за целото тоа време пишувал и сакал да стане писател. Така ја започнал својата филмска кариера како сценарист, режисер и актер.

Па потоа станува популарен со “Тропска горештина“ во текот на деведесетите. Серијата станува многу популарна не само кај нас, туку на Балканот, особено во Србија, каде за време на студенскиот протест во 1996/97 година се користат слоганите: “Ник Слотер за претседател“ и “Свакој мајци треба да је дика, која има сина ко Слотера Ника“, се појавува и стрип, кој е бесплатно делен на учесниците на демонстрациите. Постои и познатиот графит :“Слотеру Ниче Жарково ти кличе“, кој беше инспирација за Атеист Рап  да ја направат песната Slaughteru Nietzsche, во која графитот е преформулиран во “Слотеру Ниче, Србија ти кличе“. Во Белград дури било регистрирано и здружение на група граѓани под името Ник Слотер.

Откако актерот дознава за неговата популарност во Србија, во договор со поранешниот министер за екологија се договараат тој да дојде во Србија каде би се снимил документарен филм за феноменот на Ник Слотер. Истовремено со гитара настапи и на концертот на Aтеист рап по повод дваесет години постоење.

Стјуарт пристигнал во Србија на 3 јуни 2009 каде на аеродром бил пречекан со овции од обожавателите и новинарите, предизвикувајќи извесна “слотероманија“. Луѓе во хавајски кошули, студенти, полицајци, сите сакаа да се сликаат со него. Па многу оправдано е што во почетокот мислел дека луѓето се шегуваат со него. Потоа го посетува Жарково каде настанал легендарниот графит, откако се потишал на графитот, од страна на постар човек во име на Здружението на граѓаните на Жарково му врачил почесна повелба.

Од стигнувањето на аеродром Стјуарт го прателе камери кои го снимале секој неков чекор, документарниот филм “Слотер Ник за претседател“ трае 72 минити и излезе во 2012 година.

Стјуарт сеуште е во филмската уметност, последен филм му е Molly Maxwell од 2013 година, но повеќе е насочен кон телевизијата каде може да го видите во првата и втората епизода од серијата “Dark Matter“ од 2015 година. Оженет е со Селиана Стјуарт  која ја запознал на снимањето на серијата “Тропска горештина“

Каролин Дан која во текот на деведесеттите направи црвената боја за  коса да ја снема од рафтовите на маркетите, ни Википедиа не знае кога е родена, но од сигурни извори дознаваме дека тоа било во почетокот на 60-тите. Била модел и актерка. Имала улоги во телевизиски серии, филмови и театар, а последната улога и е во филмот “The Death of Alice Blue“ во 2009 година.

Во 2008 се враќа во родниот град во Канада каде отворила клиника за алтернативна медицина. Сега е сингл и ужива во животот поминувајќи го времето во фитнес центри.

Иан Трејси или Спајдер снима најмногу серии и филмови од двајцава погоре. Во последно време од позначајните му се појавувањето во “Man of Steel“ од 2013 година, и ако го препознавте во  “Wayward Pines“ како Френклин во првата епизода.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот