Каде се, што прават: Ликовите од Стрит Фајтер (втор дел)

Во првиот дел го разгледавме животот на дел од ликовите од Стрит Фајтер после играта. Тој дел можете да го најдете ----->ТУКА<-----, а сега е време да видиме како поминаа и останатите ликови.

Рај

Омилениот лик на сите што ги тераа од дома да одат на карате затоа што со каратето се развивал и “духот и телото“. После играта Рај одлучи да престане со уличните борби иако тие му носеа добри приходи. Се разбира таму каде што има пари има и кокаин и лесни жени, а Рај осеќаше дека таквиот живот го носи во пропаст.

Со помош на неговиот стар учител по карате успеа да најде работа во карате сојузот на Македонска Каменица и да го сврти животот наопаку станувајќи прво заменик секретар на сојузот, а потоа и два пати вице шампион на Европа. На сликата која ја направи во Венеција на Европското има 367 лајка, а не му е ни профајл пикчр. Татко е на две деца кои не ги интересира каратето туку цел ден седат на интернет. Едниот игра и Ворлд оф Воркрафт.

Далсим

“Чудото од Индија“ како што го нарекуваше Нова Македонија во неговите најславни денови. Поради лошата исхрана како младо дете телото не успеа да се формира како што треба и да ги врзе зглобовите и коските. Како што покажа времето тоа воопшто не е никаков хендикеп на Далсим туку негов дар.

После играта следеа тешки денови на финансиски план па мораше да прифаќа секакви работи. Особено беше познат во ресенскиот крај за време на јаболкоберот како надничар затоа што со тегнењето на неговите раце можеше да ги собира и највисоките јаболка без скала што пак заштедуваше време во бербата. Затоа добиваше дупла дневница, но заработи и омраза од надничарите од Пустец кои се чувствуваа дека им го зема лебот. Се разбира дека цела година не можеше да живее од тие неколку месеци берба па аплицираше за бугарски пасош и сега работи како мајстор во Германија.
Праќа пари дома и се надева дека кога ќе добие германска пензија ќе може да се врати тука и да живее како човек.

Чан Ли

Откако учествуваше на две Олимпијади во ритмичка гимнастика каде што постигна забележителни резултати скрши нога со што нејзината кариера заврши без трофеј. Сепак додека се лекуваше не лежеше само туку напиша мемоари за нејзините борби на улица. Книгата се распродаде во три тиражи, а сега ја има и на Амазон за оние кои сакаат да читаат на таблет.

Сега ја пишува третата книга и се надева дека наредна година ќе добие и средства од Министерството за култура. Преведувана е на повеќе јазици, а вечерите кога чита поезија познати како „Вино, клавир и поезија: Мала ноќна музика со Чан Ли“ се посетени од голем број на млади писатели и луѓе кои ја поддржуваат уметноста.

Кен

Се ожени за Барби.

Автомобилот

Поради лошата состојба на автомобилот тој беше даден на продажба на плац во Ахен каде што го купи Тоти од Велешта и го донесе овде да го расклопи за делови. Оствари профит од тогашни 400 марки.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот