Каде се, што прават: Ликовите од Стрит Фајтер (прв дел)

Ако си постоел во 90-тите години на минатиот век едно освестување - 1990-та беше пред 27 години, а не пред 10. Откако увиде колку си стар да продолжиме. Стрит Фајтер. Една од омилените игри низ флиперниците ширум земјава, а од кога има интернет научивме дека се играла и подалеку од Куманово. Но што се случи со ликовите после играта сигурно се прашувате. Затоа сме тука ние.

Зангиеф

После играта Зангиеф се најде во вртлогот на хаотичното руско општество во транзиција во 90-тите години, без работа и без стабилни приходи освен од нелегалните борби организирани во руските клубови. Како добар борач тој им го привлекол вниманието на неколку тајкуни во успон па се вработил како лично обезбедување кај Орлов кој се занимавал со нелегален транспорт на нафта од државните резерви и увоз на странски брендови без лиценца. Важел за човек од доверба кај Орлов се додека Путин не реши да се пресмета со олигарсите на почетокот на 2000-тите.

Орлов (прв од лево), Зангиеф (средина), непознат (десно), 1997-ма

2004-та е година на промени кај Зангиеф кој не бил виден во Русија од мистериозното убиство на Орлов во 2001-ва. Тој тогаш се враќа, некои велат во договор со Путин и станува член на Единствена Русија. Брзо напредува во партијата па сега е на раководна функција во секторот за борба против наркотици при руското МВР. Во заедницата важи за чесен и почитуван човек кој секогаш стои на зборот. Има жена и две ќерки и куче кое се вика Обама.

Бланка

Откако неговите таленти за создавање струја од ништо беа спознаени од една американска корпорација тој беше поканет како гостин во истата кој му вети голем надомест за неговите таленти во производство на еколошка струја која би била револуција во пазарот. Сепак после неговиот пат во САД му се губи секоја трага, според теориите на заговор тој е одесен во фамозната Ареа 51 каде што врз него се вршени експерименти кои довеле до создавање на електрична енергија од ништо, но американците не ја кажуваат тајната за да го контролираат светот.

Хонда

 

Погрешна слика

Иако во 90-тите Е. Хонда беше познат како Емилио Хонда меѓу сите кои дремеа на флипери неговото вистинско име е Едмонд (не е роднински поврзан со Едмонд Темелко затоа што имаат исто име, а тоа ништо не значи). После играта уште некоја година ја продолжи успешната сумо кариера по што освои два златни медали и еден сребрен на сумо првенствата во Киото, Сапоро и Кагашима, но поради староста мораше да се пензионира.

Иако во пензија тоа не го спречи Хонда да продолжи да работи и да создава па така отвори спортски комплекс за сумо борачи во кој се наоѓа и ресторан со лесковачка скара за да можат натпреварувачите брзо да добијат на тежина. И како спортски тренер нижеше исти успеси како и во неговата кариета. Често гостува на телевизија, а во 2011-та му беше вграден песмејкер поради проблеми со срцето предизвикани од гојазност. Денес тој е ослабен и има три реклами за чај за слабеење.

Гајл (ваљда)

Или попознат ко Гуле меѓу македонската младина од 90-тите. После играта и се врати на професионалната војничка кариера, но не можеше да се носи со ПТСП симптомите од Заливската Војна па неколку пати е апсен за возење под дејство на алкохол и нарушување на јавниот ред и мир. Откако сопругата го напушти и се врати кај нејзините во Орегон тој проба да си го скрати животот (повеќе за внимание затоа што вените ги сече хоризонтално, а не вертикално) но тој обид да ја врати сопругата беше неуспешен па таа доби комплетно старателство.

Сфаќајќи дека го допре дното тој спасот го најде во религијата па сега е чист 11 години од алкохол и дрога, а успеа да изгради и здрав однос со поранешната сопруга и ќерката. Живее во Тексас, е против абортус и гласаше за Трамп.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот