Каде се, што прават: Ликовите од Мустафа

На малку флипери се чекаше ред за играње како на Мустафа. Зошто по флиперниците немаше два флипери со Мустафа ќе остане мистерија ама не е ни важно. Животот врви, флиперниците се затворија, а како поминаа ликовите од Мустафа во животот? Кој како...

Мустафа

До 2001-ва имаше добар бизнис поправајќи Кадилаци во мало градче во Оклахома, но по терористичкиот напад на Кулите Близначки и на новиот бран на исламофобија бизнисот му пропадна затоа што во малата заедница се појави омраза кон него. Комшијата неправедно го обвини пред властите дека е поддржувач на Ал Каеда по што помина неколку години во Гвантанамо. Престојот таму беше обратно од конструктивен затоа што дојде во контакт со екстремисти од целиот свет кои го индоктринираа. После пуштањето на слобода се сели во Германија каде што има голема турска дијаспора и е во контакт со радикални имами и под постојан надзор на будното око на германската полиција. Се уште во чајџилницата раскажува како убивал диносауруси.

Хана

После флиперот се омажи за трговец со половни автомобили кој имаше проблеми со алкохолот. Сепак не беше жртва на семејно насилство затоа што таа тепаше динасауруси со голи раце па за еден маж нема да го среди. Барајќи решение Хана беше кај Оџата од Прилеп да види дали некој им има фрлено магија па за мажот ѝ да пие. Никој им немаше фрлено магија па нарача АлкоСтоп и секое утро му клаваше во кафето. Денес имаат две деца, сопругот е трезен веќе осум години и бизнисот добро им оди.

Џек

Типичен маалски фраер. Откако помина славата од флиперот така и тој тонеше во алкохолизам. Се запушти, а и косата му обеле. Сега често може да се начека по маалски кафичи и пред кооперација како со пиво од пластика и месен нарезак раскажува за своите подвизи. Уште му е мака што не ја ожени Хана и не се задоми. Понекогаш гостува и на локална телвизија како локална легенда. Има уште седум години до пензија и оштетување на џигерот па не е сигурен дали ќе дочека пензија ама после 2 промили и не му е гајле. Го продаде трособниот стан и купи гарсоњера да има само пари за пиење. Често ја користи фразата „Во мое време“ и врува во теории на заговор.

Мес

Билдерска ѕвезда која ветуваше многу! Освои неколку трофеи, но со текот на годините дојдоа млади и му го зедоа местото. Но Мес е добар и едноставен човек па затоа им дава несебична поддршка. Отвори и теретана од втора класа каде што справите се криви па локалните билдери изгледаат како дивоградба во фавела во Рио. Носи и бугарски амино и протеини со сомнителен квалитет, но со цената им парира на добрите производи и некако врзува крај со крај. Се ожени за „Есенски мис во кафаната „Кај Мирко и Лида““ и имаат среќен брак без деца затоа што стероидите му ја уништија плодноста.

Диносаурусите

Сега се фосилно гориво и на чуден начин сепак завладеаа со светот.

Вајс

Поради врските в партија обвиненијата за насилство врз жените му паднаа на суд иако има слики како оваа подолу.

Не само што не е осуден туку е и унапреден како директор на завод за биологија поради неговото познавање на диносаурусите. Не е оженет, а поради насилството кон жените и начинот на облекување има озборувања дека всушност е латентен хомосексуалец. Јавно се изјаснува дека хомосексуалците треба да се запалат.

Дебелиот

После флиперот дебелиот отвори своја месарница и како што беше нечесен во флиперот така и во месарницата мелеше се мртво за во меленото месо и одеше по селата каде што купуваше умрена живина и ја продаваше во својата месарница. Сепак бизнисот му тргна па отвори мал погон за преработка на месо и денес важи за почитуван малостопанственик во својата заедница. Дели и пари за хумманитарни настани. Член е на ротари.

Бандитите

Се напикаа по партии, одат на митинзи, протести, контрапротести и се надеваат дека ќе бидат вработени во државно ако нивната пратија дојде на власт. Тајно аплицираат за бугарски пасош.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот