Каде се, што прават: Лицата од обвивките на познатите албуми

Многу музички албуми кои одбележaле некој временски период или жанр во музиката на насловната страна наместо слика од бендот каде што секој гледа во различна насока или графичко решение ставаат слики од деца или омладинци. Ова е приказна за нив, каде се после годините од појавувањето на насловната страница на албум.

Џенин Линдемулдер – Blink 182 – Enema of the State

 

Џенин (не е стварно медицинска сестра) тогаш порно актерка, се пробива во порно светот одкако е избрана за “Милениче на месецот” на Пентхаус магазинот за декември 1987 година. Освен на насловната на албумот се појавува и во спот на Blink 182 во истата улога на медицински персонал. Во 2002 и втора се мажи со Џеси Џејмс (подоцна сопруг на Сандра Булок). По тешкиот развод таа е уапсена за напад врз поранешниот сопруг. Тука не и завршуваат проблемите со законот па во 2009-та е осудена на затвор од четири месеци за избегнување на данок. Во 2011 полицијата ја бара за вознемирување на екс сопругот. Денес (добро не баш денес ама во блиско минато) изгледа вака:

 

Китрој Јирвуд - Notorious B.I.G - Ready to Die

 

Иако многумина мислеа дека бебето на сликата е самиот Биги Смалс, сепак вистината е дека на обвивката се појавува модел, кој за скромни заработени 150 долари за фотосесија од два часа влезе во хип хоп историјата. На сликата всушност се наоѓа Килрој Јирвуд кој моментално е матурант во Бронкс и се надева дека ќе се запише на колеџ за спортски менаџмент. Ретко зборува за сликата затоа што луѓето не му веруваат. Во претерано драматична изјава кажа “ Сакам само луѓето да знаат дека тоа сум јас. Конечно вистината излегува на виделина”.

 

Карл Гелерт – Goo Goo Dolls – A boy named Goo

 

Сликата датира од кога Карл имал две години, а автор е неговиот татко инаку професионален фотограф. Сепак сликата нема да го види светлото на денот во наредните десет години, се додека татко му на Карл не е контактиран од бендот со понуда од 6000 долари. Карл, тогаш 12 години, станува познат и го добива прекарот Гу од неговите соученици. Денес тој е докторант во полето на архиелошкото истражување и не е фан на албумот.

 

Спенсер Елден – Nirvana - Nevermind

 

Спенсер имаше само три месеци кога е сликана сликата. Татко му и фотографот биле пријатели па така ја добил работата. Сега Спенсер е во дваесетите години и е уметник кој дипломирал на Колеџот за уметност и дизајн во Паседена, Калифорнија. Тој, за разлика од неблагородниот Карл од погоре е фан на Нирвана и на албумот на чиј омот се наоѓа.

 

Ен Кирстен Кенис – Vampire Weekend – Contra

Во 1983-та бендот ја наоѓа сликата, кој е тогаш во сопственост на фотографот Том Броди, а на која се наоѓа професионалниот модел Ен Кирстен Кенис и решаваат да ја стават на насловната страна за нивниот албум "Контра". Сега во петтата деценија таа живе со својот сопруг и ќерката во Конектикат. Случајно откривајќи дека нејзина слика е искористена за албум таа решава да го тужи бендот и фотографот затоа што немале нејзина дозвола за да ја користат сликата. На суд бара два милиони долари, но сепак спорот е решен со спогодба.

 

Питер Ровен – U2 – War и Boy

  

Питер професионално бил ангажиран за фотосесијата за обвивките на двата албуми за што бил и платен, не во пари туку во чоколадо. Марс чоколадо поточно. Работата ја добил затоа што брат му бил другар со Боно кој често доаѓал во нивната куќа. Тој сега има 38 години и е професионален фотограф кој живее во Даблин и често работи на фотографирање на концерти на Ју ту. Иако се наоѓа на два албуми тој тврди дека не поседува копија од нив.

 

Крис МекКлур - Arctic Monkeys - Whatever People Say I Am, That’s What I’m Not

  

Крис имаше 19-години кога доби пари од бендот за него, неговиот братучед и најдобар другар со цел да излезат да пијат и да се сликаат. Една од сликите сликани покасно во вечерта е таа што заврши на обвивката на првиот албум на Арктик Манкис. Сликата стана контроверзна откако здравствените власти се пожалија дека го промовира пушењето како кул навика. Крис, сега 25, е фронтмен на бендот Д Вајолет Мај стациониран во Шефилд. Се шират гласини дека престанал да пуши затоа што неможе да си дозволи да купува цигари.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот