Интервјy со Цопе од Цопетова кухиња

ВАЈС: Како си?

Звогањ: Моментално не баш најдобро. Мислам дека се затрув со храна.

Каква храна?

Остатоци од пица со морски плодови.

Дали е Звогањ или Жвогањ?

Звогањ. Иако некои весници беа креативнни и нацртаа кавака над з.

Што е Звогањ?

Звогањ би требали да е Зговњан. Тоа требаше да биде одговор на тоа како се чувствувам. Моето прво пијанство.

Какво значење би му дал на името?

Го користев тоа име како алтерего за секакви проекти затоа што во жвотот работев разноразни работи така да за мене е многу шарено. Ќе видиме како ќе го окарактеризираат луѓето.

Колку години си, од каде си, што работиш?

Се занимавам со музика, цртање и анимација. Од Крњача сум и сум роден 1994-та.

Велиш дека се прошириле доста лаги за тебе. Кои лаги?

Кога ќе се случат твоите пет минути секогаш се собираат мршојади кои сакаат дел од тебе. Се појавија луѓе кои твредеа дека ги правеа моите анимации. Даваа банални информации и користеа лоши фори во интервјуа.

Значи анимациите ги правиш сам?

Да. Тие се најлошиот дел од моето портфолио, но и најпопуларни.

Свиреше во метал бендот Пробос?

Да, но морав да заминам. Бендот сеуште работи и се уште подобри.

Со каква музика денес се занимаваш?

Електро поп музика за Иван Бегошевиќ и сум во еден бенд кој за брзо ќе излезе во јавност.

Како експлодира твојот Јутуб канал? Која е приказната позади него?

Беше околу четири часот наутро и сакав да вежбам малку анимација. Го зедов микрофонот за Скајп и почнав да ја импровизирам Цопетова кухиња, чисто колку да имам над што да анимирам. Ја ставив на Јутуб откако им ја пуштив на пријателите кои рекоа дека е комплетно срање. Потоа клипот го ставив да го гледаат само приватни корисници и добив закани од тип кој имаше слика на навивач ако не го вратам клипот со Цопе ќе ми ја скрши главата. Беше убаво на некому да му се допадне мојата работа.

Како стана вирален?

Го ставив на мојот фејсбук профил и луѓето почнаа да го споделуваат. Не можев да верувам кога видов колку посети има...

Што сега велат пријателите кои рекоа дека клиповите ти се срање?

Не можат да поверуваат, како ни јас, дека се крена толакава прашина.

Што се всушност идеите зад твоите видеа, нивните теми се јасни, но кои се мотивите за нив?

Ми беше интересно и смешно што луѓето се трудеа да најдат пораки или некое поголемо значење. Сфатив дека шармот на Звогањ е тоа што не пишував никакви сценарија. Сѐ што зборувам е импровизација, слушам неколку пати и ја снимам следната. Мислам дека на луѓето им се допадна тоа што хуморот не е усилен и мило ми е што им се смешни некои моменти кои мене не ми беа.

Дали имаат допир со реалноста? Типот со самоубиството во кафаната, поштарот ебач?

Се разбира, во главата веќе ги имам како слики, ситуации, карактери. Цртани се по луѓето кои ги познавам. Самурај Крек (српски рапер) ми е инспирација за Цопе.

Го познаваш Самурај Крек?

Се имаме запознаено мртви пијани додека чекавме автобус.

Дали знае дека е инспирација за Цопе?

Мислам дека не. Му немам кажано.

Кое ти е омилено видео и што да очекуваме од Цопе?

Што повеќе ги гледам своите анимации толку повеќе ги мразам. Аладин ми е најдраг и најмалку ми се смачи. Цопе е единствен лик кој дирекно им се обраќа на гледачите, така да ќе ја искористам неговата улога да им порачам неколку работи на фановите. А што се однесува до јадењето мислам на домашни рецепти.

Од што живееш кога не се бавиш со музика или анимација?

Ако е прашање за финансии од преиодични работи и дистрибуција на јајца каде што работам утовар и истовар. Сеуште ја немам наплатено ни музиката ни анимацијата.

Ти си бил working class hero! Кажи ми само уште кој ти е најсмешен коментар кој си го прочитал?

Фала ти. Се надевам овој проект ќе ми е отскочна даска за нови работи. Не сум сигурен за најсмешен коментар, но им се радувам на позитивните коментари, а воглавно ме смеат негативните затоа што луѓето се креативни кога се трудат да навредат некого.

 

преземено и осакатено од vice.rs

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот