ИЛУМИНАТИТЕ ПЛАЌААТ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ДА ДИСКРЕДИТИРААТ: Зошто некои луѓе веруваат во теории на заговор

Бројот на деца кои се вакцинираат е сѐ помал па во блиска иднина може да не очекува епидемија од засега искоренети болести, сите знаат дека запад работи против Македонија, ХАРРП ни пуштаат за да не истребат, земјата е рамна и НАСА нѐ ебе во здрав мозок. Дали е така и зошто не е?

На ова прашање можеби имаат одговор научниците. Тие сметаат дека луѓето веруваат во теории на заговор затоа што тоа ги прави да се чувствуваат посебно!

Две независни истражувања објавени во Social Psychology и European Journal of Social Psychology дојдоа до слични резултати и не открија топла вода. Луѓето можат лесно да се манипулираат.

Првото истражување е наречено „Знам информации кои тие не ги знаат“, а во него учествувале неколку илјади луѓе. Научниците откриле дека луѓето кои ги поддржуваат теориите на заговор верувале дека имаат информации кои не им се достапни на другите. Покрај тоа откриле дека и тие кои сакале да се единствени верувале само во одредени теории.

„Овие истражувања сугерираат дека теориите на заговор можат да служат за да ги направат луѓето да се чувствуваат посебни, како мотив за верувањето во таквите теории“ објаснува Антони Лентиан, научник од Франција.

Во второто истражување со наслов „Премногу поинакви за да бидат излажани“ научниците откриле како желбата да на луѓето да се истакнат во масата ги довела некои од нив до потполна ирационалност.
Истражувањето било направено со еден интересен детал: научниците измислиле теорија на заговор која добиле повеќе поддршка од испитаниците откако им е кажано дека само малку луѓе веруваат во неа. Така доаѓаме до се полуди теории на заговор.

МОЖЕБИ ОВА ИСТРАЖУВАЊЕ Е НАПРАВЕНО ЗА ДА ЈА СКРИЈАТ ВИСТИНАТА ДЕКА СИТЕ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР СЕ ТОЧНИ! СВЕТЕ ТЕСЕ!

„Заедно, овие резултати ја потврдуваат идејата дека нашите лични уверување се должат на желбата да бидеме посебни“ пишуваат авторите Роланд Имхоф и Пиа Корлин од Универзитетот Гутенберг во Мајнц, Германија.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот