Идеологијата на модерното образование

Пазарот во глобални размери успеа да ги пренасочи целите на образованието кои подразбираа развој на автономна личност, одговорност, интегриран систем на знаење и хуманизам во развој на компетитивни вештини кои имаат за цел лична корист и успех во кариерата. Ова се постигна со алатките за реформи во образованието.

Платон непосредно пред смртта сакал да ја слушне својата омилена мелодија. За да му ја исполнат желбата пријателите нашле жена која свири на флаута и таа почнала да свири. Уметноста на звукот, хармонијата и ритамот допирале до сите присутни, но таа наеднаш згрешила во изведбата. Настанала тишина и сите вознемирено гледале се додека еден пријател на му шепнал нешто на Платон, нешто што ќе ја предизвика неговата последна насмевка. Пријателот му кажал дека флаутистката е од Тракија. Таа е варварка и не може ништо да знае за тајните на ритамот и хармонијата кои ги познава само хеленскиот човек. Варварите се во окови на природата, а воспитан и образован е само оној сака да го дознае највисокото добро(аготон). Сознанието за највисокото добро се остварува со воспитување и образование кое е единство на убавото и доброто (калокагатија). Платон почина со насмевка на лицето.

Втората приказна ни зборува за наш современик. Тој е во осумдесетите години и е на смрттна постела. Додека неговото уморно тело лежи на болничкиот кревет, душата му лута низ спомените. Спомените на крајот стануваат само матни и неподвижни слики. Се восхитува кога ќе се сети на своите животни подвизи. Поголемиот дел од животот, благодарение на своите вештини, го помина во продажба на она што им беше потребно на луѓето. Велат дека бил успешен бизнисмен и уште велат дека во последните мигови кажувал зборови кои никој од ближните околу него не можеле да ги разберат.

Две хегемониски парадигми настојуваат да го редефинираат курсот на образованието на глобален план, смета Мајкл Епл од Универзитетот во Висконсин и автор на книфата “Курикулумоти и идеолгијата”. Првата група реформатори во светското современо образование се неолибералите кои целат да формираат образовни политики во корист на пазарот, односно синергија на пазарот и образованието. За да го постигнат ова тие сакаат да ги елиминираат непрофитабилните содржини. Стратегијата за маркетизација има за цел студентите само да стекнат знаења кои ќе им помогнат во поуспешна работа и подобар економски учинок. Втората група која го дефинира глобалното образование се неоконзервативците. И тие како и неолибералиоте го уважуваат приоритетот на економијата, но нивната намера е да помогнат во формирање на силни државни механизми, најчесто преку систематизирани државини тестови, како би ја зачувале традицијата на високото ниво на образование.

Водечкиот сојуз на неоконзервативистите и неолаибералите го насочуваат образованието кон унапредување на конкурентноста и меѓународните пазари. Со развојот на компетитвноста во економскиот сектор и занемарувањето на хуманистичките дисциплини, критичкото мислење и моралните аспекти на образованието и опшеството, образованието станува ресурс за инвестирање, а студентите и нивните родители стануваат конзументи на тој ресурс. Менаџерските тимови ги комерцаијализираат образовните институции, водејќи сметка за современите маркетинишки техники за да го подигнат имиџот на институцијата во натпреварот со конкурентските образовни институции. Наградување и помош на профитабилни институции и програми се остварува само ако ја задоволат планираната стапка на успех. Образованието во современото опшество се дефинира како капитал, но дали универзитетите можеме да ги сведеме во тој економски домен?

Античкиот идеал на образованието и хуманистичкиот концепт имаа за цел обликување на индивидуалноста заради изградба на автономни и одговорини поединци и заедници. Античкиот идеал може да се оствари само со напори на дух кој бара слобода и спознаја во фотмата на остварување на политичка заедница и човечност. Античките вредности се задржаа во европското образование во рамките на хуманистичкото образование. Вербата во човековите интелектуални и креативни способности, неговиот капацитет за разбирање на другите и законите на природата се одлики на ренесансното интелектуално движење – хуманизмот. Затоа знаењето во класичната теорија на образованието функционирало како “морално квалификациска категорија” која го поддржува човекот да живее и мисли слободно, да се сфаќа себеси како морално суштество, а природните закони да ги објасни научно, ослободувајќи се од ропството на митовите и суеверијата.

Теодор Адорно смета дека сегашната состојба на услови на културна индустрија на образовинето створиле полуобразование кое е слика на отуѓеноста на духот. Полуобразованието е полу разбирливо, смета Адорно и додава дека полуобразованоста е “раздразлива и лута”. Причина за полуобразованието е хипертрофијата на многу фрагментарни знаења кои лесно се усвојуваат и на кои им недостасува синтеза, смета Конрад Лисман, професор на Филозофскиот факултет во Виена и автор на "Теоријата на необразованоста". Доаѓа до општа необразованост која Лисман ја смета за откажување од волјата нешто воопшто да се разбере.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот