И патот до женското срце е преку стомакот

Дека патот до срцето е преку стомакот не важи повеќе само за мажите. Патот и до женското срце е преку стомакот, покажува новото научно истражување на тимот истражувачи од Дрексел Универзитетот во Филаделфија, водени од Мајкл Лоу од одделот за психологија.
Пилот студијата направена на мал број на млади жени, кои не биле ни со зголемен ни со намален број на килограми, откри дека нивниот мозок подобро реагира на романтични дразби ако се сити.


Во истражувањето учествувале 20 жени. Нив после осум часа гладување им биле прикажани фотографии со различна содржина, од неутрална до романтична на која биле парови како се држат за рака и шетаат по плажа или парови кои имаат вечера на свеќи. За тоа време се следела нивната мозочна активност. Истиот тест е повторен, ама овојпат жените внесиле 500 калории.


Резултатите покажале дека кај ситите жени романтичните фотографии предизвикале многу посилни реакции.
“Ова значи дека нашето внимание е повеќе насочено и посветено на нешто, ако сме сити“, вели Лоу.
Значи наместо во кино или кафе бар, сепак одете на романтична вечера.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот