Фиџет спинер: Помеѓу митот дека помага и иритирачка занимација

Фиџет спинер е мала играчка покоја полудеа децата, но ив озрасните, како овде така и во целиот свет. Но, колку е точно тоа дека навистина помага на луѓето и на децата со било кој проблем од психолошка природа?

Претпоставката е врз основа на тоа дека професионалните терапевти често користат сензорни играчки, на пример, тактилни дискови, за да ги смират децата во сензорното процесирање. Самото кликање не е ништо ново, само колку пати ние самите сме го кликале капачето на пенкалата. Субјективно, луѓето чувствуваат дека со кликањето можат подобро да се фокусираат на некоја тешка задача која треба да ја извршат. Според некои родители, вртењето на фиџетот им помага на децата да ги филтрираат непотребните информации и да дотигнат соодветен „праг“ на сензорна стимулација.

Фиџет спинерите не се вистински играчки кои се засноваат на принципот на вртење, се рекламираат како извор на помош за саморегулација и регулација на емоциите.
Пример, аутистичните деца често во рака или уста држат ладни метални предмети поради сензацијата која ја произведуваат пополнувајќи ја физичката празнина. Тие ги штитат и чуваат од имагинарни закани поврзани со надворешната средина. Потсетуваат на минлив објект кој се појавува кај скоро секое дете како замена за мајката, но и како минлив објект кој е топол и мек и ни еден друг не може да го замени (како на пример, ќебе или плишано мече).

Суштината е дека аутистичниот објект нема никаква врска со немирните раце и играњето со предмети во секојдневниот живот.

Но, што е со хиперактивноста? Една студија покажа дека децата со ова нарушување на вниманието - ADHD, покажуваат подобро поменење на едноставни задачи ако се движат отколку ако мирно седат, Ова движење се однесува на груба моторика. Хиперактивноста и инаку подразбира ексцесивна, зголема активнот во смисла на груба моторика, која негативно влијае на учењето.

Во последно време се шпекулира со моделот според кој претераната моторичка активност кај овие деца е всушност компезациски механизам кој го олеснува неврокогнитивносто фукнционирање кај децата со овој проблем.

Според авторите, наодите одат во прилог на оваа теорија според која зголемената моторичка активност кај овие деца има функционална улога.

Марк Рапорт од Универзитетот во Флорида се занимавал со утврдување на бенефитот на моторичката активност кај децата со пореметување во учењето и вниманието, но е јасен во тоа дека фиџет спинерите тешко дека ќе им помогнат на децата. Тој наведува дека играта со нив не подразбира крупна моторика која позитивно влијае на активноста на мозокот. Меѓутоа, целата лудост околу нив е корисна затоа што ја „активира“ темата за пореметувањата на вниманието, како и начините да им се помогне на овие деца.

Ref.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот