Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Јакна

Домашните модни трендови есенва налагаат како и претходната и таа пред неа и таа во 2012-та да се носи истата јакна која е купена во летото 2011-та на 60% попуст. Се разбира пред тоа мора да се извршат мали поправки како што е шиење на дупката над џебот од која излегува памук. Во случај да купувате нова јакна потрудете се таа да е во боја која одговара со сите типови на алишта. Како на пример оваа црна јакна која можете да ја носите со тренерки ако излегувате до продавница или со фармерки и штикли за вечерно излегување. 

За мажите е поедноставно затоа што за изгледот не мора многу да се грижат па затоа е важно само јакната да топли. 

Фармерки

Оваа година во мода се искинати фармерки па така можете да ги извадите од плакар фармерките што мислевте да ги фрлате и да сте во чекор со модните трендови.

А во плакар вратете ги фармерките што ви беа планирани за оваа есен.

Чевли

Ако морате да купите чевли купете ги на што е можно повеќе рати, а при тоа внимавајте да се квалитетни за да не мора да купувате секоја година. Исто како кај јакната изберете модел што може да одговара на сѐ. По можност да наликуваат на планинарски чизми.

Џемпер

Ако сте над 35 години џемпер со баклави секогаш ви дава изглед на сериозен човек или наставник по ликовно. Може да се носи во сите пригоди.

Ако сте под 35 години слободно облечете тренерка и маица под јакната. Оваа комбинација е унисекс.

Модни детали

Шал или марама

Позитивната страна на шаловите и марамите е што не се смалуваат па можеш да ги носиш долго време. Затоа што повеќе имаат за цел да ја искажат твојата индивидуалност можеш да најдеш шал од детството и да го носиш како симбол на твојата несекојдневност. Нешто како Латас со краватите.

Значки

Побарај ја колекцијата на значки на твоите родители или на нивните родители и претвори го секое парче облека во ново возбудливо шик доживување.

Лепенки

Можеш да додаваш колку сакаш, на кој сакаш дел од облеката. Нормално освен на чевлите.

Капи

За боемски лук ти треба шапка, а таква можеш да побараш од дедо ти или од роднини. Ако си фан на некој фудбалски клуб се разбира капа од него. Доколку се сметаш за еден од основачите на ВМРО тогаш баретка со лав која веќе ја поседуваш.

Ако си женско веќе имаш капа на јакната од погоре и не ти е потрбна друга.

 

 

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот