Епските шеги на радио Ереван

Радио Ереван е едно од најпопуларните радија во Советскиот сојуз и Источна Европа поради тоа што низ ситото на строгата цензура која го контролирала медиумскиот простор во тоа време низ шеги успевле да протнат критика на комунизмот, опшеството и партијата. Шегите на радио Ереван имаат култен статус и сеуште се прераскажуваат. Замислени во формат на прашање и одговор обичне беа во форма "Радио Ереван беше запрашано" по што следуваше и најчесто саркастичниот одговор после фразата "Радио Ереван одговара". Еве некои од нив...

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали можеш да уживаш во животот во Советскиот Сојуз?

Радио Ереван одговара: Да, ако уживаш во преполни возови.

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали е добро да спиеш со отворен прозорец?

Радио Ереван одговара: Да, но подобро е да спиеш со жена.

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали поетот Мајаковски се самоуби?

Радио Ереван одговара: Не знаеме точно, но неговите последни зборови беа "Не пукајте другари!"

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали атомска бомба може да го уништи нашиот убав град?

Радио Ереван одговара: Во основа да, но Москва е многу поубав град.

 

Радио Ереван беше запрашано: Какви ќе бидат резултатите на утрешните избори во СССР?

Радио Ереван одговара: Никој не може да знае. Некој ги украл резултатите за утрешните избори од Централниот комитет.

 

Радио Ереван беше запрашано: Што е хаос?

Радио Ереван одговара: Не коментираме за економската политика на партијата.

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали се оди во затвор ако кажеш дека Брежњев е идиот?

Радио Ереван одговара: Во основа да, затоа што тоа е откривање на државна тајна.

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали е можно да има социјализам во Сахара?

Радио Ереван одговара: Можно е, но после првиот петгодишен план ќе треба да увезуваме песок.

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали е точно дека има иста слобода на говор во СССР и САД?

Радио Ереван одговара: Во основа да. Ако викаш пред Белата Куќа "Долу Реган" ќе бидеш казнет. Ако викаш пред Кремљ "Долу Реган" ништо нема да ти се случи,

 

Радио Ереван беше запрашано: Што е разликата меѓу оптимист и песимист?

Радио Ереван одговара: Оптимистот учи англиски, а песимистот кинески.

 

Радио Ереван беше запрашано: Дали може да има комунизам во САД?

Радио Ереван одговара: Да, но од кого ќе купуваме жито тогаш?

 

Радио Ереван беше запрашано: Зошто имаме Министерство за море кога немаме море?

Радио Ереван одговара: Затоа што Азербеџан има Министерство за култура.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот