Eмоционално прејадување и како да се надмине

Во напнати и стресни ситуации многу луѓе посегнуваат по храна како утеха, а некои јадат за да го ублажат чувството на осаменост или затоа што им е досадно, протоа реално не се чувствува глад. Се тоа означено е како емоционално прејадување кое луѓето за кратко време ги штити од негативните чувства на кои се изложени. Намесно вообичаените физички показатели на глад, во овој случај емоциите ве тераат да јадете. Меѓутоа ваквото прејадување само на крако ве задоволува, додека долгорочно само ја влошува ситуацијата – не само што потенцијалниот проблем кој ве натерал да се прејадувате не е решен, исто така ќе чувствувате вина затоа што сте внеле преголема количина на храна.

Пред се треба да се разграничи емоционалното прејадување од повремено прејадување, на пример, она во текот на прослави или во посебни околности, во кои сакате да се наградите себе со поголема количина на храна за одреден труд или постигнување, тоа не е ризично или лошо. Но, доколку личноста е во ситуација прејадувањето да и претставува главен и доминантен начин на излегување на крај со проблемите и кога импулсивно се насочува кон храната во ризични стресни ситуации, тогаш може да се рече дека кај неа е застапен сериозен проблем на емоционално прејадување.

Со оглед на тоа дека може да биде многу изрзена и со силен ефект, емоционалната глад може да се помеша со физичката глад. Затоа се битни разликите:

- емоционалната глад доаѓа наеднаш и потребата за храна е итна и неодложна, додека појава на физичка глад е постепена и потребата за храна не е толку итна.

- последица на емоционалната глад може да биде неконтролирани голема конзумација на одредена храна. Од друга страна физичката глад нема ваков екстрем како последица, постои поголема умереност во јадењето.

- емоционалната глад најчесто не тера да конзумираме само одреден вид на храна, и тоа е вообичаено нездрава храна или храна богата со шеќер.

- центарот за емоционална глад не е сместен во стомакот, па според тоа стомакот не може да прати сигнал на мозокот кога е внесена доволна количина на храна.

- доколку се јаде поради емоционални потреби, често се случува да не можеме да престанеме со јадење, се додека не се осети непријатно чувство, кај физичката глад не доаѓа до овој вид на прејадување, тука се јаде се додека не се осетиме сити.


 И патот до женското срце е преку стомакот


 

Следните правила, според Мајо Клиник  ќе ви помогнат да го надминете проблемот на емоционално прејадување:

- направете план на здрава исхрана и почитувајте го

- ако поради стрес се прејадувате, во тој случај ќе мора да го ставите под контрола стресот со техники за надминување, како релаксација, медитација, јога.

- направете проверка за тоа дали станува збор за физичка или емоционална глад. Ако сте јаделе пред неколку часа и немате чувство на празен стомак, веројтно не сте навистина гладни.

- пишувајте дневник за исхрана, што јадете, колку, кога, како се чувтвувате кога јадете и колку сте гладни.

- побарајте поддршка од блиските, многу е полесно да се предадете на емоционално прејадување ако немате поддршка

- борете се со досадата, ако грицкате кога не сте гладни поради досада, насочете го вниманието на друга страна. Прошетајте, гледајте филм, слушајте музика, читајте.

- не чувајте залихи на храна дома. На тој начин нема да паднете во искушение. Ако се чувтвувате лути или тажни, одложете го одењето во продавница, додека не утврдите дека станува збор за емоционална глад.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот