Емил Сиоран - Раѓањето е најголемата катастрофа

На 8-ми април 1911-та во Романија идниот филозоф и есеист Емил Сиоран го снајде најголемата несреќа - се роди. Уште во детството има проблеми со идентитетот затоа што како Романец припаѓал на малцински народ во својата сопствена држава, што е последица на политиките во тоа време. Од млад бил против религијата па му било тешко во своето семејство кое го сочинувале религиозни членови. Единствена утеха наоѓал во читањето и пишувањето.

На почетокот пишувал на романски јазик, а потоа се сели во Франција каде што ќе остане до крајот на животот. Промената на местото на живеење му ја менува и целата негова филозофија.

Додека бил во Романија и во Германија каде што бил стипендист тој се залагал за национализам па дури и фашизам. Сметал дека Хитлер е единствениот политичар кој заслужува почит и сѐ тоа го напишал во делото Трансфигурација на Романија, дело од кое подоцна ќе се срами.

Со преселбата во Париз станува аполитичен, но уште очаен. Секогаш успевал да има оригинално мислење за што и да е, најчесто во негативен тон.

Чувството на очај, омраза, криза на идентитетот помешани со сарказам ги тера сите негови читатели бурно да реагираат. Реакцијата оди во две крајности: или потполно се согласувате или остро го критикувате.
За каков човек се работи се чувствува по насловите на неговите книги: На рабовите на очајот, Краток преглед на распаѓањето, Силогизмите на горчината, За незгодата да се биде роден.

Така беседеше Сиоран или негови цитати

Вистинските исповеди се испишани со солзи. Но моите солзи би го потопиле светот, а мојот оган би го претворил во пепел.

Инсомнијата е вртоглава луцидност која може рајот да го претвори во мачилиште.

Секој вознемирен западњак изгледа како лик од Достоевски, но со сметка во банка.

Песимистот мора секој ден да наоѓа нови причини за постоење. Тој е жртва на смислата на животот.

Мудрецот е човек на кој му е под чест да се надева.

Она што го знам на 60 години го знаев и на 20. Четириесет години долга и непотребна работа на проверка...

Единствено објаснување за настанокот на светот е стравот на Бог од самотија. Со други зборови, нашата улога е да го забавуваме Нашиот Творец.

Само оптимистите можат да извршат самоубиство, оптимисти кои повеќе не успеваат да се оптимисти. Другите кои немаат причина да живеат зошто би имале причина да умрат?

Смртта е толку распространета, зазема толку место, што веќе не знам кај да умрам.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот