Една недела во Северна Кореја

Адам Баидави е фотограг од Австралија кој патува низ светот и создава приказни со своите фотографии. Тој неодамна ја посети Северна Кореја, а оатувањето го опиша со една реченица: Тоа беше највозбудливата и најдепресивната недела во мојот живот.

Баидави за австралискиот GQ магазин направи една од најдобрата фотоприказна во својата кариера и откри како живеат луѓето во Пјонгјанг и околината.

„Не постои земја како Северна Кореја, верувајте ми. Таму заминав првенствено поради маратонот во Пјонгјанг затоа што сметам дека тоа е најдобро место на кое можеме да видиме како дише земјата и како изгледа нивниот живот“.

Баидави вели дека го интересирал животот на обичниот човек.

„Само што ќе седнете во авион за Пјонгјанг ја добивате првата доза пропаганда. Не постои друг телевизиски канал освен државниот, а на него има само хвалоспеви за династијата Ким. Иако многумина мислат спротивно Пјонгјанг е модерен и чист град. Имаат високи згради, метро и сѐ она што е состав на модерен град“.

Сепак не можете секаде да шетате слободно. Ако одите во Северна Кореја како турист вашиот водич ќе биде со вас цело време.

„Сакав да го видам стадионот кој прима 150.000 луѓе и е фасцинанатен. Сепак најчудно за гледање беа пробите за игри на плоштадите на кои граѓаните се принудени да присуствуваат секој ден после работа“.
Тој дознал дека американците во севернокорејските учебници се претставени како чудовишта - буквално.

„Единствено што тие гледаат од остатокот од светот се туристите. Се трудев да се смеам и да сум фин кон нив. Тие се обични луѓе, како нас, кои се борат за подобар живот, подобар стан, подобри плати. На туристите сакаат да им покажат само она што е убаво во нивната земја и го скриваат она што не чини“ поентира Баидави.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот