Единствениот „Исцелител“ кој ќе ви биде потребен некогаш

Не, на фотокопираните листови хартија низ бандерите на Скопје нема оглас за преведувач, туку линк до www.iscelitel.mk, веб страница која сервира неконвенционални рецепти, саркастични методи за оздравување
и „лекови“ за секоја мака.

Иако некои исцелители масовно ги користат онлајн медиумите, во конкретниот случај, не се работи за веб страница на индивидуа, туку за канал за промоција на „Исцелител“, долгоочекуваниот македонски филм на
Ѓорче Ставрески.

На веб страницата, можете да си одберете од листата на понудени маки или да додадете своја и да добиете автентичен рецепт од „Исцелител“-от за справување со секоја од нив. Секој рецепт содржи специфични
состојки, но главната е црниот хумор, со кој се спремаше и ова филмско остварување, во коe играат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Александар Микиќ и Аксел Мехмет.

Премиерата на „Исцелител“ ќе се одржи на затворањето на филмскиот фестивал Синедејс, на 19-ти ноември, по што филмот ќе почне да се емитува низ кино салите на Македонија. Воедно, ова е прв македонски филм кој ќе биде дел од натпреварувачката програма на филмскиот фестивал во Талин.

За подетални информации посетете ја веб страницата www.iscelitel.mk, а за многу среќа, не заборавајте да го споделите овој текст со пет пријатели на друштвените мрежи.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот