Еден од пет директори се психопати

Познатиот светски портал Inc. неодамна објави резултати на спроведеното истражување дека дури една петтина од корпоративните директори имаат психопатски склоности.

Нејтан Брукс од Австралија, кој е доктор на форензичка психологија и се занимава со проценка на тоа дали личноста која направила кривично дело има психичко пореметување, го извршил истражувањето заедно со 261 експерт во областа на менаџирањето во еден американски ланец на супермаркети.

Тој заедно со колегите од неговата област, од различни универзитети, после истражувањето дошол до заклучок дека дури 21% од луѓето на одлучувачки, високи позиции покажале критично висок ниво на психопатско однесување.

Во интервју кое го дал за британскиот Телеграф, Брук помеѓу останатото рече дека работодавачите во текот на работата често се фокусираат на некои други работи, наместо да се фокусираат на личноста. За високите позиции првенствено се гледа  CV и деловните успеси. Така доаѓаме до именување на “успешни психопати“ за самиот врв на хиерархиската скала.

Како што се наведува, за психопатите корпоративниот успех е игра. И не смета доколку не се прекршат правилата и принципите на моралноста. “Се е во тоа да се искачат таму каде наумиле во компанијата и да доминираат со другите“, истакнал тој. Подетални податоци за оваа студија дополнително ќе бидат објавени.

 

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот