Доживеј го Тесла на мобилен телефон

Првата музејска изложба во виртуелна реалност посветена на Никола Тесла, од денес е достапна и на мобилна апликација, на англиски и на спрски јазик, како и преку вебсајтот www.nikolateslaexperience.com односно www.doziviteslu.com. Апликацијата е креирана за мобилни уреди и како таква во целост ја следи визијата на Тесла во која просторната и временската дистанца губат значење.

Соработката на компанииите Direct Media и Digital Mind направи чекор подалеку во користење на технологијата во едукативни цели и креирана е првата виртуелна музејска поставка од овој вид во светот. Идејата на Витомир Јевремовиќ, со помош на современата технологија да се оживее најголемиот научник на сите времиња ја препозна и ја донира изложбата на Музејот на Никола Тесла во прославата на 15 години успешно работење на компанијата и 160 години од раѓањето на научникот.

По пат на мобилната апликација “Доживеј го Тесла“ сакаме да го приближиме единственото искуство на интеракција на Тесла со сите негови почитувачи низ целиот свет кој не се во прилика да го посетат музејот. Модерните технологии денес уметноста и науката ја прават подостапна од било кога и на овој начин сакаме да потсетиме дека дел од доктрината на Тесла била употреба на технологијата за добро на целото општество“, вели директорот на Direct Media, Јован Стојановиќ.

Мобилната апликација може да се спушти преку Google Play или Apple App Store.

Како изгледа да сте покрај Тесла во неговата хидроцентрала на Нијагарините водопади, да му асистирате во Колорадо спрингс или на платформата во кулата на Лонг Ајленд, каква била собата на Тесла во хотелот “Њујоркер“, а каква неговата визија за иднината? Овие сцени се дел од изложбата во виртуелната реалност која може да се доживее во Музејот на Никола Тесла, а сега и со мобилна апликација.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот