Џорџ Мајкл одговара на Прустов прашалник

Во светот одекна веста дека Џорџ Мајкл почина во 53-та година. Беше идол на многумина, неприкосновен глас, талент и појава.

Да се потсетиме како Џорџ Мајкл одговараше на прашалникот на Гардијан од 2014 година, каде го откри својот најголем страв, која особина не ја поднесува кај другите и многу интимности.

Кога сте биле најсреќни?

Кога сум заљубен.

Што е вашиот најголем страв?

Дека ќе ја изгубам способноста да создавам музика.

Кое е ваше најрано сеќавање?

Додека мојата сестра беше на училиште, времето што го поминував со мајка ми, дома.

На која жива личност најмногу и се восхитувате и зошто?

На секој кој се бори за човековите права или го прави светот подобро место за живеење. Медицински сестри, лекари, доктори, наставници, тоа се луѓето кои заслужуваат признание овие денови.

Која особина не ја поднесувате кај себе?

Нема особна која не ја поднесувам... Некогаш ќе се изнервирам самиот себе, но тоа е сѐ.

Која особина не ја поднесувате кај другите?

Луѓе кои се богатат на туѓо страдање.

Која е најскапата работа која сте ја купиле (без имот)?

Уметничко дело.

Што е најскапоценото што го поседувате?

Мојата дарба да творам и да пејам.

Што им должите на своите родители?

На мајка и должам она што сум, а на татко ми енергијата.

Каква емоција е љубовта?

Како ни една друга.

Дали некогаш сте рекле “те сакам“ а да не сте го мислеле тоа?

Не.

Која е најлошата работа која сте ја работеле?

Работев како физички работник за пријател на татко ми, за време на школските празници. Добив отказ веднаш после првиот ден.

Ако можете да патувате низ времето, каде би сте отишле?

Назад во 1981 година, кога се почна да се случува. Возбудливи времиња – какво искуство!

Како се опуштате?

Пријатели, ресторани, музика, кино и прошетка со кучињата.

Кога сте биле најблиску до смртта?

Пневмонија во текот на “Symphonica tour” во Виена.

Што ве држи буден ноќе?

Моите кучиња кои сакаат целосно внимание.

Која е најважната лекција на која ве научил животот?

Да се биде искрен со себе.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот