Десет слатки начини да го одвлечете вниманието на луѓето од фактот дека животот ви се распаѓа

Животот е тежок и лесно е да расипат работите. Но, жените можат да прават повеќе работи истовремено - можеме да бидеме забавни и кул додека во исто време ни се заканува целосен банкрот поради кредитот. Можеме да бидеме завидно слатки додека во исто време живееме со родителите затоа што последната врска ни се распаднала, а во исто време се гледаме со тројца типови. Сакате да ги избегнете проблемите кои од време на време се појавуваат во приватниот и професионалниот живот? Еве како:

Посветете се на модата

Пријателите ќе престанат да ви поставуваат прашања за тоа дали родителите и понатаму ви плаќаат станарина ако им соопштите дека имате проблем да влезете во бутик и да не украдете баш ништо. Не можете да престанете да крадете доколенки. Поминувате часови кои обично би сте ги поминале во депилирање на влакно по влакно, така што ќе правите што подобри фотографии и секоја од нив ја објавувате на социјалните мрежи. Во еден момент ќе сфатите дека сите ваши оброци сега личат на детокс програма.


Споделете го мислењето на фејсбук

Секако, ќе му се јавите на бившиот шеф и ќе го прашувате зошто ве отпуштил. Ќе плачете и ќе го молите повторно да размисли за одлуката, затоа што толку многу ја сакате својата работа и мислите дека ве чека прекрасна иднина. Или, наместо тоа едноставно можете да одите на Фејсбук и да напишете статус од 3000 карактери за некоја глупост на која сте присуствувале тоа утро во автобус. Доколку навистина се чувствувате лошо, ќе се вклучите во допишување со тетка ви за сос за шпагетите.

 

Станете девојка која обожава супи

Дали девојката која оваа недела подготви четири различни супи може да пати од депресија. Кажете кога ќе ја пробате четвртата.


Експериментирајте со фитнес

Пронајдете соодветни апликации за следење на напредокот во теретана и додајте ги сите свои тетки, стрини и сите нивни разведени пријателки за заедно да можете да ги броите чекорите кои ги правите секој ден. Тоа е одличен начин за игнорирање на минусот на сметката во банка, а и ќе бидете во форма.


Купете книга за изучување на странски јазик

“Учиш полски? Толку си сестрана!“, така ќе реагираат вашите пријатели. Барем некое време.


Купете повторно некое цвеќе

Ова можеби ќе преживее.

 

Бидете гласна во баровите

Можете да зборувате за било што, се додека имате силни и непоколебливи ставови и додека ги покажувате на тој начин за на сите околу себе да им ја уништите вечерта. Нека траат онолку колку што ви треба за да испиете три пијалаци по ред, тогаш завршете најсилно што можете и не заборавајте да споменете дека вашиот однос со мајка ви влијаел на вас и каква е вашата врска деновиве.


Станете ужасно добра пријателка

Кој не познава барем една пријателка која избегнува да размислува за сопствениот живот така што ти помага да го разбереш својот? Стани таква пријателка. Почни да ги возиш пријателите на работа, спремај им колачи, биди тука кога им е тешко. Да се биде добар пријател е одличен начин да се приближиш до проблемите на другите луѓе.

 

Сфати ги врските како олимписки спорт

Тиндер. Било што. Имаш одличен профил, многу смајлиа и состаноци со просечни типови испланирани за наредната недела. Ако бившиот дечко не те блокираше на сите социјални мрежи, ќе беше толку многу љубоморен! За најдобри резултати, биди во врска со некои од странците на социјалните мрежи цела зима, а потоа откачи го на пролет. За да го излечиш своето скршено срце, најдобро е да скршиш нечие друго.


Направи влог

Се шегуваме, ова е веќе повик за помош.

 

Моника Хејси

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот